Како да го идентификувате и како да се справите со ротавирусот?
Ротавирусот, или стомачниот вирус не изгледа како сериозна болест, но може да биде навистина опасен за деца. Поради ова е важно да ги знаете сите симптоми и да бидете подготвени да делувате веднаш бидејќи животот на вашето дете може да зависи од вашата реакција. Па, погледнете како да се справите со оваа болест и како да ги избегнете последиците.
Што е ротавирус?
Ротавирусот бил откриен од професор Рут Бишоп, доктор од Австралија. Ротавирусот го сочинуваат сврзани честички вирус кои наликуваат на тркало или топка. Кога овие честички навлегуваат во телото почнуваат да ги уништуваат цревата. Се влошува процесот на дигестија, се појавуваат дијареја и повраќање, а децата имаат и висока температура.
Главни симптоми
Главните симптоми на ротавирусот се:
- Гадење и повраќање
- Дијареја
- Висока температура
- Болки во стомакот
Главната закана предизвикана од овие симптоми е дехидратацијата. Во некои случаи може да се појават кашлица и течење на носот, па тешко е да се сфати што навистина е проблемот. Некои деца можат да изгубат свест или да почнат да се тресат поради брзата дехидратација.
Како да го разликувате ротавирусот од труење со храна?
Не е тешко да се разликува вирусот од труењето со храна и нема голема разлика во третманот. Кога станува збор за труење со храна, детето треба да прима сорбенти и да пие многу вода.
Во случај на труење со храна:
- Повраќањето не е толку сериозно
- Температурата не се покачува или брзо се враќа во нормала
- Нема дијареја или поминува брзо
- Болките во стомакот не траат долго
Како да го третирате ротавирусот и кои лекови се опасни во овој случај?
Бидејќи дехидратацијата и недостатокот од минерали се најопасните нешта што можат да се случат, третманот на ротавирусот треба да биде насочен кон овие проблеми. Третманот зависи од симптомите бидејќи не постои одреден лек против ротавирусот. Важно е да направите неколку нешта:
- Снабдете го телото со течности. Одредени солени раствори (електролити) ќе ја вратат рамнотежата на потребните елементи. Не заборавајте и на водата. Ако детето повраќа многу, треба да пие вода во мали количини. Ако имате бебе и не сака да пие вода, обидете се да му дадете течност со помош на шприц.
- Проверете ја температурата. Ако количеството вода е доволно, телото побрзо ќе се одбрани од вирусот. Ако детето има висока температура, препорачливо е да му дадете антипиретик.
- Употребувајте сорбенти, активен јаглен и лекарства што содржат сорбенти.
- Не употребувајте антибиотици. Антибиотиците не се борат против вирусите и можат да бидат опасни кога станува збор за ротавирус. Тие имаат влијание на цревата кои се веќе оштетени и можат да предизвикаат дијареа. Антибиотиците се препишани од лекар само во одредени случаи.
Ако не можете да набавите електролити од аптека, можете да направите раствор кој ќе го снабди телото со потребното количество сол и други елементи.
- 800 милилитри вода
- 2 лажици шеќер
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка сода бикарбона
Кога треба да реагирате брзо?
Од ротавирус страдаат луѓето на секоја возраст, но најмногу се појавува кај деца помали од 6 години. Во некои случаи е потребна и помош од лекар. Некои лекари препорачуваат да се спречи појавата на инфекција со вакцина за ротавирус.
Ротавирусот е екстремно опасен за деца помали од 2 години, а од голема важност е да реагирате брзо. Потребно е да побарате лекарска помош доколку бебето е дехидрирано. Главните симптоми за дехидратација се тешкотии при дишењето, недостаток од пот и ако бебето не уринира подолго од 3 часа. Исто така обрнете внимание дали бебето плаче без солзи. Во овој случај постои висок ризик од пневномонија. Не плашете се од болница, лекарите ќе направат сè за да му помогнат на вашето малечко.
Дали е потребен посебен начин на исхрана?
Во првите 24 часа болната личност веројатно нема да јаде, но потребно е да пие доволно вода. Можете на детето да му дадете чај наместо вода. Млекото и млечните производи се забранети бидејќи ротавирусот ја намалува толеранцијата на лактоза. Немојте на детето да му давате чорби и пилешко бидејќи предизвикуваат дијареја.
Обидете се да му давате неутрални продукти и полека да го проширувате изборот на храна кога дијарејата нема да претставува проблем. Можете да го храните со следниве продукти:
- Бисквити
- Овесна каша приготвена со вода
- Пире со вода и зеленчукова супа
- Печени јаболка
Погледнете и кои се вирусите и бактериите што можете да ги „закачите“ од тоалетите.