Како да ги затегнете и обликувате вашите раце?
Исто како кога станува збор и за целулитот, не морате да имате вишок килограми за вашиот горен дел од телото да биде млитав и опуштен. Маснотиите природно се складираат во горниот дел од телото, а процесот на стареење подразбира губење на еластичноста на кожата, поради што кај девојките се појавува олабавување на мускулите. Ова се неколку вежби со кои ќе можете да го спречите овој процес и да ги затегнете и обликувате рацете.
Истегнување
Самостојно само оваа активност нема да ви помогне да го отстраните проблемот, но ќе ви помогне во издолжување на мускулите и ќе станете поподвижни.
Обликување
Жените не сакаат напорни вежби, па оваа вежба е идеална. Седнете, исправете го грбот или пак застанете со раширени нозе, поставувајќи ги стапалата во ширина на рамената. Земете мали тегови или наполнете две шишиња со вода, рацете свиткате ги во лактите и почнете да спуштате и кревате. Направете го ова во 4 серии по 12-15 пати.
Користење на тежината на телото
Склековите се една од најдобрите вежби за согорување на мастите во рацете. Ако ви е тешко да ги правите класичните склекови на земја, можете да ги правите и на нешто повисоко, со што ќе го намалите отпорот. Поставете ги рацете на нешто повисоко, а нозете нека ви останат на земја. Правете по барем 15 склекови дневно.
„Пропаѓање“ на столица
Седнете на работ од столот, а со рацете придржувајте се по неговите странични делови. Нозете полека поместувајте ги нанапред, сѐ додека колковите и задникот не излезат надвор од седиштето на столицата. Користете ги мускулите на рацете, за да го спуштите телото на неколку сантиметри од подот, а потоа полека кревајте се нагоре, настојувајќи грбот цело време да ви биде исправен, за да не почувствувате напнатост во рамената. Ова е тешка вежба, па немојте да се обесхрабрите, ако забележите дека не можете да ја повторите повеќе од 5 пати.
Помалку јадете
Внимавајте што внесувате и пијте по барем 2 литри вода дневно, бидејќи водата помага при детоксикацијата, процесот на варење и циркулацијата на крвта.
Шетајте се
Пешачењето не е добро само за нозете, туку и за рацете, под услов да ги движите напред-назад во ритам на чекорите. Одете побрзо 20 минути за да го забрзате работењето на срцето. Покрај тоа, после 20 минути вашето тело ќе почне да согорува калории, па пробајте да го задржите темпото уште барем 10 минути.
Набавете зглобни тегови
Набавете зглобни тегови со помала тежина, и носете ги секој пат кога ќе работите нешто низ дома. Одлични се за обликување на рацете и за согорување масти. Мускулите ќе мораат да работат повеќе заради дополнителната тежина, па попатно ќе губите и повеќе килограми.
Пилинг
Секое утро и секоја вечер на критичните делови од рацете нанесувајте пилинг. Со кружни движења, почнете од зглобовите па сè до рамениците. На тој начин ќе ѝ направите добро и на вашата кожа, која ќе стане мека и нежна.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.