Како да ги ублажите предменструалните симптоми?

Како да ги ублажите предменструалните симптоми?

Се чувствувате мизерно во „оние“ денови од месецот, поради тежината која ја чувствувате во градите и нозете, уморот, нервозата, главоболките, мачните грчеви во стомакот и ужасната болка во ’рбетниот столб? Имате промени во расположението, чувствувате потреба од одредена храна, уморни сте, нервозни и депресивни?

Секои три од четири жени секој месец се соочуваат со неколку мачни денови, во кои се чувствуваат истоштено и раздразнето. Кај некои жени симптомите се поизразени и помачни, а кај некои поподносливи. Како и да е, доколку ви здодеа од менструални болки и тегоби, пробајте ги следниве природни начини за елиминирање на симптомите.

Како да ги ублажите предменструалните симптоми?

Консумирајте здрава храна

Јадете многу овошје и зеленчук и пијте многу вода во овие денови од месецот. Многу жени забележале дека менструалниот циклус негативно влијае на нивниот дигестивен систем, па затоа е значајно во овие денови да консумирате правилна храна, од која нема премногу да се надуете.

Избегнувајте млечни производи, црвено месо, производи од кикирики, колачиња, чипс, пица и друга процесирана храна. Наместо тоа јадете риба, продукти од соја, пилешко и мисиркино месо, јајца, бадеми и здраво масло. Пијте помалку кафе, чај и алкохол деновите пред вашата менструација, за да не ги влошите симптомите. Исто така, препорачливо е да консумирате витамини Ц, Б5 и Б6, како и цинк, калциум и магнезиум кои ги намалуваат грчевите, дуењето и болката во мускулите. Притоа, треба да ги консумирате секој ден во текот на 2-3 месеци за да забележите некаков ефект.

Како да ги ублажите предменструалните симптоми?

Лежете во различни положби

Доколку лежите странично со нозете свиткани кон градите, можете трајно да ја отстраните болката која ја чувствувате. Некои луѓе препорачуваат да лежите на стомак, за да не дозволите да ви се создаваат гасови, кои ќе ви создаваат дополнителни болки. Исто така, обидете се и со лежење на грб, а стапалата потпрете ги на неколку перничиња наредени едно врз друго.

Ставете нешто топло врз стомакот

Ставете ќебе, шише со топла вода врз стомакот или пак уште подобро ќе биде доколку имате перниче со вода којашто се загрева на струја. Топлината помага да се олабават мускулите. Исто така, доколку имате мало маче или друго помало животинче, легнете го на местото каде што чувствувате грчеви, при што е битно животното да е мирно. Вибрациите од мачето коешто преде помагаат во олабавување на мускулите, а нежната топлина ги намалува грчевите.

Како да ги ублажите предменструалните симптоми?

Вежбајте редовно

Соодветен одмор и сон, како и редовни физички активности помагаат во спречување на менструалната болка. Прошетајте низ маало, џогирајте, возете велосипед или правете ја која било активност којашто ја преферирате. Вежбањето ќе го засили протокот на крв, а тоа ќе овозможи намалување на грчевите. При вежбањето, се произведува поголема количина серотонин (хормонот на среќата) кој претставува апче против болка сам по себе и нѐ прави да се чувствуваме посреќно.

Како да ги ублажите предменструалните симптоми?

Редовниот секс е добар за циклусот

Сексот навистина го регулира целиот менструален циклус, поради што треба да имате што е можно поредовно. Со оргазмот се ослободува хормонот окситоцин, кој предизвикува контракции на матката, а тоа ги намалува болките.

Релаксирајте се

Намалете го стресот со активности кои релаксираат како што се јогата, масажата или медитацијата бидејќи тие можат да ви помогнат во ублажување на грчевите. Направете си ароматерапија: наполнете ја кадата со топла вода и ставете купка или етерично масло со мирис на лаванда.

Носете удобна облека

Во овие денови, кога целото тело ви е отечено, препорачливо е да носите лесна облека, која никаде не ве затега. Кога сме кај удобноста, значајно е и да седите со исправен грб, а не навалени нанапред или наназад.

Направете си нежна масажа

Нежно масирајте го вашиот стомак. Тоа го овозможува протокот на крв, кислород и хранливи материи низ вашите уморни мускули, што ќе направи да се чувствувате подобро.

Како да ги ублажите предменструалните симптоми?

Мислете на убави работи

Ослободувањето од секојдневниот стрес е многу важно за хормонален баланс, што е значајно за намалување на менструалните болки. Кога сте под хроничен стрес, нивото на хормонот прогестерон се намалува, што предизвикува менструална тензија и болки. Обидете се да не размислувате на работи кои ве вознемируваат во овој период од месецот. Прогестеронот е хормон чие ниво е највисоко во втората половина од менструалниот циклус (14 дена пред крварењето). Тој е одговорен за зајакнување на матката секој месец, која се подготвува за фетусот, доколку забремените.

Ослободете ги мислите со безначајни, но ведри работи кои ќе ве расположат. На пример, гледајте слики со слатки животинчиња на интернет, прочитајте некој добар роман, социјализирајте се со вашите пријатели или гледајте ја вашата омилена серија.

Редовно посетувајте го гинекологот

Одете на редовни гинеколошки прегледи. Доколку вашите симптоми се силно изразени и понекогаш неподносливи, поразговарајте со вашиот лекар за начините со кои може да ги регулирате вашите хормони.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар