Како да ги средите финансиите пред почетокот на 2020 година?

Како да ги средите финансиите пред почетокот на 2020 година?

Како што се приближува крајот на 2019 година, многу луѓе донесуваат значајни одлуки што сакаат да ги спроведат во наредната година. Една од нив најчесто е заштедата на пари, па прочитајте ги овие совети како да заштедите повеќе.

Како да ги средите финансиите пред почетокот на 2020 година?

1. Анализирајте за што трошевте пари во 2019 година

За да изберете по кој пат ќе одите во 2020 година, треба да видите каде сте биле досега. За да го откриете тоа, поставете си ги следните прашања:

  • Колку пари месечно трошевте за работите што ви требаат, а колку за вашите желби?
  • На што ги „фрливте“ парите?
  • На кои вообичаени места трошите премногу пари?
  • Кои работи заборававте да ги купите?
  • Како изгледа вашата заштеда наспроти вашето трошење?

Најважно е да водите сметка за вашите трошоци, а планирањето оброци и купувањето намирници со намалена цена пред да ви се потрошат тие што ги имате дома, може многу да ви помогне. Тука спаѓа и планирањето на годишниот одмор. Соочувањето со навиките е клучно за нивно менување.

2. Поставете јасни, но флексибилни цели

Важно е да знаете што сакате и да имате време да го остварите тоа, но немојте да бидете премногу строги ако не ги исполните сите цели пред дадените рокови. Една година е доволно време за да постигнете напредок и за да исполните многу цели.

3. Инспирирајте се

Придружете се во приватни групи на социјалните мрежи каде што луѓето се советуваат едни со други и си помагаат со идеи како да заштедат пари. Во ваквите групи има луѓе кои се таму затоа што сакаат да го споделат своето искуство и да помогнат со своите примери.

4. Запишувајте сè

Запишувајте како се чувствувате во врска со трошењето пари, на што трошите и како сакате да изгледа вашето трошење. Можете да креирате база на податоци и да ги внесувате дневните трошоци, а можете и да набавите дневник за финансии каде што ќе имате и рубрика за вашите цели.

Прочитајте ги и овие 10 одлични совети од луѓето кои знаат да заштедат пари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар