Како да ги преживеете Велигденските празници без да качите некој килограм?

Како да ги преживеете Велигденските празници без да качите некој килограм?

Покрај дружењето со семејството, со Велигденските празници доаѓа и многу храна. Па, во овој период нормално е малку да претерате со јадењето, па дури и да качите некој килограм. Доколку внимавате на вашата линија, тогаш ќе ви се најдат овие совети со кои нема да се здебелите оваа сезона.

Како да ги преживеете Велигденските празници без да качите некој килограм?

1. Избегнувајте храна кога сте гладни

За време на празниците, во секој дом има премногу храна и дури да завршите со едно јадење, на масата веќе има друго. Решението е многу едноставно – не мора да јадете кога јадат и другите и не мора да пробате сè што е послужено на масата. На овој начин ќе го избегнете заморот од прејадувањето, но и вишокот килограми.

2. Јадете побавно

За да го избегнете дебелеењето, обидете се да јадете што е можно побавно. Имено, од моментот кога ќе почнете со јадење, на мозокот му се потребни 20 минути за да почувствува ситост. Многу истражувања покажале и дека со брзото јадење, внесуваме многу повеќе непотребни калории, а дури постои и ризик од дијабетес тип 2.

3. Најдете време за физичка активност

Нема потреба целиот период да го поминете во теретана, туку доволно е да најдете малку време за некоја физичка активност. Одвојте 15 до 20 минути за утрински вежби или за прошетка. За ова ви е потребно многу малку време, а ќе го поттикнете телото да согорува повеќе калории.

4. Избегнувајте алкохол

Бидејќи на празниците се пие и многу алкохол, добро е да се потсетите за калориите што ги содржат алкохолните пијалаци. Само еден коктел со сок е третина од калориите што треба да ги внесете во еден ден. Доколку сепак сакате да се напиете, комбинирајте го алкохолот со обична и минерална вода. Исто така, после секоја чаша алкохол, испијте една чаша вода.

5. Со секој оброк пијте минерална вода

Природната минерална вода е одличен избор за секој оброк бидејќи му ја зголемува хранливата вредност. Покрај тоа, со пиењето вода нема да внесете непотребни калории. Исто така, некои истражувања покажале дека газираната минерална вода може да го подобри варењето и да го намали ризикот од констипација.

6. Зголемете го количеството зеленчук во чинијата

На вашата чинија најдобро е да се наоѓа едно парче месо, малку јаглехидрати, а останатиот дел нека биде зеленчук. Зеленчукот е полн со витамини, минерали, антиоксиданси и хранливи влакна кои го намалуваат холестеролот и го подобруваат варењето. Исто така, хранливите влакна прават да се чувствувате сити.

7. Не барајте „репете“

Иако можеби вашата мајка готви најдобро и тешко е да ѝ одолеете на нејзината храна, обидете се да ги избегнете дуплите оброци. Најдобро е да употребувате мали чинии што ќе ги наполните до горе и да се враќате по уште храна. Доколку сепак ви се јаде уште нешто, најдобро е да јадете салата или готвен зеленчук.

Бидејќи Велигден наближува, погледнете како да ги препознаете свежите јајца и колку е нивниот рок на траење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар