Како да ги преживеете најголемите 4 животни кризи со кои секој се соочува?
3. 35 години
Состојба:
Ви изгледа како целиот живот да сте го живееле погрешно. Премногу компромиси, премалку време посветено на вашите желби. Премногу „морам“ наместо „сакам“. Деновите поминуваат, меланхолијата и депресијата почнуваат да владеат. Ви изгледа дека е прекасно да ги поправате работите. Ако не се чувствувате доволно храбри да го промените вашиот живот, посетете психолог, прочитајте нешто за вашата состојба, или пак гледајте инспиративни филмови.
Решение:
Важно е да одморите и да посветите време на себе. Поставете си ги следниве прашања:
- Ако имав 20 милиони евра и 10 години живот, што би направил/а?
- Кои се моите планови? Што навистина сакам?
- Што сакам моите деца да научат од мене?
4. 45-50 години
Состојба:
Вашата работа веќе одамна не ви причинува задоволство, љубовта ја нема, а вашата куќа е само 4 ѕида и ништо повеќе. Вашите деца се премногу зафатени со нивните животи, па не ви обрнуваат внимание. Се чувствувате како целиот живот да ви е посветен на погрешни нешта. Уште на почетокот сте направиле грешка и сте заборавиле да ја поправите, следејќи го патот на некој друг. Не се осмелувате да погледнете напред поради стравот од смрт, песимистичкото расположение и недостатокот на желба да направите некаква промена. Иако звучи очигледно, мора да се соземете. Чекор по чекор, ослободете се од негативните мисли. Почнете да планирате. Обрнете внимание на најважните работи во вашиот живот.
Решение:
- Ако мислите дека вашата кариера е при крај, размислете за пензионирање, најдете друга работа или земете одмор кој го заслужувате.
- Останете активни. Спортувајте за да ја подобрите циркулацијата на крвта и да го наполните вашиот мозок со кислород.
- Останете во контакт со пријателите и децата. Тие се врска помеѓу вас, годините кога сте биле млади и позитивните сеќавања. Децата и внуците се вашата иднина.
Бонус: Криза во непријатни години
Во своите непријатни години, децата сакаат да пробаат сè за да изгледаат подобро во очите на нивните пријатели. Важно е да им помогнете на децата да не се изгубат во светот со илјадници можности. Покажете им како да ги донесуваат правилните одлуки. Наместо да понудат помош, возрасните многу често почнуваат војна со „тинејџерите бунтовници“. За жал, никој не победува во оваа војна. Обидувајќи се да ја потиснат емоционалната бура на младите, возрасните многу често им ги кршат духовите, а ова предизвикува низа погрешни одлуки во иднина. Погледнете некои совети кои ќе му помогнат на вашиот мал бунтовник:
- Бидете добар пример за вашето дете.
- Покажете интерес за животот на вашето дете, прашувајте, слушајте, охрабрувајте.
- Имајте на ум дека вашето дете може да биде малтретирано на училиште. Бидете овде за да му помогнете, да го поддржите и да го решите конфликтот.
- Контролирајте го присуството на технологија и социјални мрежи во животот на вашето дете.
- Разговарајте со наставниците за справувањето со тинејџери.
Погледнете ги и советите кои ќе ви помогнат доколку се чувствувате како целиот свет да ви се распаѓа.