Како да ги преживеете најголемите 4 животни кризи со кои секој се соочува?

Како да ги преживеете најголемите 4 животни кризи со кои секој се соочува?

Сите ние мислиме дека кризите се нешто лошо и треба да ги надминеме или да умреме обидувајќи се. Но, дали има потреба од сето тоа? Навистина е невозможно да избегаме од работите кои може да ни се случат неочекувано. Погледнете како да ги препознаете кризите кои ви претстојат, кои прашања да ги одговорите и од каде да ја најдете моќта за да се соочите со новото поглавје од вашиот живот.

1. 18 години

(1)kako-da-gi-prezhiveete-4-te-krizi-vo-zhivotot-so-koi-sekoj-se-soochuva-kafepauza.mk

Состојба:

(2)kako-da-gi-prezhiveete-4-te-krizi-vo-zhivotot-so-koi-sekoj-se-soochuva-kafepauza.mk

Замислете тинејџер кој е целосно збунет бидејќи треба да одговори фундаментално прашање. На ова додајте ја и емоционалната напнатост и радикалниот поглед на светот кој е нормален за оваа возраст. Некои семејства имаат одлично решение за оваа ситуација – „празна година“. Ова е една година пауза помеѓу завршување средно училиште и запишување на факултет што може да се помине во работење, патување и себеоткривање. Во оваа година може да не се случат никакви чуда, но идните одлуки може да станат посвесни и поуспешни.

Решение:

(3)kako-da-gi-prezhiveete-4-te-krizi-vo-zhivotot-so-koi-sekoj-se-soochuva-kafepauza.mk

Пред сè да бидеме искрени, невозможно е да се донесе правилна одлука додека сте под стрес поради тестови. Единственото нешто што вреди да го направите е да размислувате надвор од кутијата за ограничувањата и правилата. Поставете си ги овие прашања:

  • Ако можев да правам едно нешто до крајот на животот, што би било тоа?
  • Што би направил/а ако не ми беше страв од ништо?

2. 25-30 години

(4)kako-da-gi-prezhiveete-4-te-krizi-vo-zhivotot-so-koi-sekoj-se-soochuva-kafepauza.mk

Во книгата „Декада на дефинирање“ (The Defining Decade), Мег Џеј опишува личност која минува низ криза и ги цитира нејзините зборови:

„Се чувствувам како да сум сред океан. Можам да пливам на која било страна но никаде не гледам копно, па не знам на каде да се движам.“

Состојба:

(5)kako-da-gi-prezhiveete-4-te-krizi-vo-zhivotot-so-koi-sekoj-se-soochuva-kafepauza.mk

Денес нема потреба да го поминете животот работејќи на едно место. Личното созревање е приоритетот за сите. Ќе имате многу време да ги зајакнете вашите семејни вредности. Животните искуства на нашите родители прават да се чувствуваме виновни за нашите неостварени планови и скршена надеж. Периодот на криза е можност да отидете до дното, да се смирите таму, да ги разгледате идните можности, да ги разберете вашите желби, да се опуштите и да закрепнете. После ова ќе бидете доволно моќни повторно да се искачите на површината.

Решение:

(6)kako-da-gi-prezhiveete-4-te-krizi-vo-zhivotot-so-koi-sekoj-se-soochuva-kafepauza.mk

  • Како прво, престанете да се споредувате со вашите пријатели, соученици, колеги, а особено со децата на пријателките на мајка ви.
  • Ако сметате дека не сакате да ги исполните животните планови на некој друг, кажете го тоа. Тие не требало да се надеваат на вас ако не сакале да бидат разочарани.
  • Немојте да се плашите од грешките. Едноставно пробајте и или ќе успеете, или ќе научите нешто.
  • Еден е подобро од нула. Направете планови. Следете ги секој ден, барем по малку.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар