Како да ги препознаете свежите јајца и колку е нивниот рок на траење?
Кога станува збор за рокот на траење на јајцата, тој е околу 28 дена, како што пишува и на пакувањето. Доколку купувате домашни јајца, од пазар или без печат, би требало да бидете внимателни и да одлучите на кого ќе му верувате за нивната свежина. Важно е да знаете дали јајцата се од тој ден или од пред 3-4 дена, поради две причини – начинот на којшто ќе ги складирате, но и начинот на којшто ќе ги употребувате, бидејќи некои оброци се прават со исклучиво свежи јајца.
Кои јајца се свежи?
Иако рокот на траење им е 28 дена, доколку ги користите за нешто што не се готви, како на пример шлаг, тие не би требало да бидат постари од 18 дена. Првите 18 дена, јајцата имаат природна заштита против микроби, па можете да ги чувате и надвор од фрижидер. За оброците кои бараат сирови јајца, најдобро е да користите исклучиво свежи.
Како да ги препознаете свежите јајца?
Доколку јајцето потоне на дното во сад со вода, тоа значи дека е свежо. Доколку почне да се крева нагоре, тогаш е старо најмногу 2 недели. Доколку јајцето исплива на површината, не смеете да го јадете.
Колку долго траат тврдо варените јајца?
По Велигденските празници, најдобро е да ги употребите јајцата за други оброци. Доколку сварените јајца се со лушпа, можат да траат и до две недели во фрижидер.
Дали јајцата од еколошка средина се подобри?
Да, бидејќи кокошките не се чуваат во кафези, туку на отворен простор. Исто така тие ги несат јајцата во гнезда и се хранат исклучиво со органска храна. Покрај тоа, овие кокошки внимателно се третираат со лекови.
Погледнете и некои од најпознатите митови и вистини за храната.