Како да ги препознаете и како да се справите со паничните напади?

Како да ги препознаете и како да се справите со паничните напади?

Дали во непријатни ситуации ви се потат дланките, срцето ви чука забрзано и ви станува студено? Ова се јасни симптоми кои укажуваат на паничен напад, кој во зависност од ситуацијата може да се јавува почесто. Кога ќе се земат предвид интензивните физички и емоционални промени, воопшто не е лесно да се справите со овие напади. Психолозите предлагаат неколку начини на кои ќе можете да го препознаете паничниот напад, но и да се справите со него.

Како да ги препознаете и како да се справите со паничните напади?

1. Дишете правилно

Најдобриот начин да ги ублажите непријатните симптоми на паничниот напад е да ја совладате техниката за правилно и длабоко дишење. Кислородот кој ќе стигне до вашиот крвоток ќе ја намали мачнината и ќе го регулира чукањето на срцето. По неколку длабоки вдишувања ќе се чувствувате подобро и посмирено.

2. Најдете фокус

Најдобриот начин да се справите со паничниот напад е да се фокусирате на нешто што ќе ви го одвлече вниманието од стравот што го чувствувате. Ова може да биде разговор со некој во близина или размислување за некои важни одлуки. Најважно е да се фокусирате на што било, а што не вклучува страв и напнатост. Кога ќе го промените психолошкиот фокус, физиолошките функции ќе се вратат во нормала.

3. Опуштете ги мускулите

За време на интензивниот паничен напад ќе почувствувате нагло грчење на мускулите низ целото тело. Ова ќе направи да се чувствувате уште понепријатно. Фокусирајте се на постепено опуштање на поединечна група мускули. На овој начин ќе ги тргнете и мислите од изворот на паника. Кога ќе се опуштите и психички и физички, ќе почувствувате вистинско олеснување.

Погледнете и која е разликата помеѓу анксиозност и паничен напад.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар