Како да ги отстраните масните дамки од облеката?
Готвењето и јадењето можат да бидат неуредна работа, особено ако имате мали деца. Тестенините или некое друго зготвено јадење можат да направат масни дамки на алиштата и чаршавите кои тешко се отстрануваат. Колку повеќе ќе се впие и исуши дамката на облеката, толку потешко ќе биде нејзиното отстранување.
Следете ги овие 6 чекори и зачувајте ги вашите материјали од трајно уништување:
- Најпрво земете марамче или крпа за да ја впиете маснотијата од самото место, а потоа истурете сода бикарбона.
- Оставете да делува неколку минути. Ќе забележите дека содата ќе започне да ја впива бојата на маснотијата.
- Истријте ја содата со крпа или со четка за заби. Во ред е ако остане сода бикарбона, со миењето ќе излезе.
- Доколку дамката сè уште стои, повторете го процесот повеќе пати.
- Испрскајте го местото со спреј за отстранување дамки и истријте.
- Исперете ја облеката како и вообичаено.
Доколку дамката сè уште стои, не ја ставајте облеката во машина за сушење бидејќи тоа ќе направи да се впие уште подлабоко во облеката. Наместо тоа, еве уште неколку совети за отстранување на најтврдокорните дамки:
- Испрскајте малку спреј за отстранување на дамки пред да ставите сода бикарбона и повторете ги горенаведените постапки.
- Поставете стара крпа на даската за пеглање, испрскајте ја со сода бикарбона и поставете го парчето облека со дамката надолу кон крпата. Додека пеглате крпата ќе ја апсорбира маснотијата.
Погледнете го и овој едноставен трик на Марта Стјуарт за одлепување на налепници кој ќе ве воодушеви.