Како да ги откриете знаците на суптилна емоционална злоупотреба?
Болката не секогаш е предизвикана од физичка злоупотреба, емоционалната злоупотреба може да биде исто толку, ако не и повеќе болна. Всушност во најголем број од случаите, последиците од емоционалната злоупотреба траат повеќе. Во продолжение следуваат најсуптилните знаци што укажуваат на емоционална злоупотреба, па ако се сомневате дека ви се случува вам или на некој ваш близок, прочитајте ги внимателно.
Во продолжение погледнете ги 20-те знаци на кои треба да внимавате. Тие можеби нема директно да укажуваат на злоупотреба, но ако редовно гледате некој од нив, може да значи дека нешто набрзо ќе се случи.
1. Тие ги омаловажуваат вашите достигнувањата. Вашите достигнувања не се прославени, туку на нив се гледа како на само уште еден обичен настан.
2. Некако, секогаш вие сте виновни за нивната тага.
3. Тие тврдат дека ве знаат најдобро и дека одлуките кои ги донесуваат за вас се најдобри. Не ви дозволуваат да правите сопствен избор.
4. Вие морате веднаш да одговарате на нивните пораки и повици. И најмалото доцнење може да ги изнервира.
5. Секогаш се обидуваат да бидат над вас. Тие ќе ве натераат да помислите дека не ги заслужувате и дека сте навистина среќни што ги имате.
6. Вие сте секогаш обвинувани, дури и за работи кои не сте ги направиле.
7. Не смеете да чувате тајни.
8. Не смеете да игнорирате што кажуваат, дури и ако е само „предлог“, бидејќи ви е страв од нивната реакција.
9. Тие ве критикуваат во јавност.
10. Ако често сте нарекувани со различни имиња, можеби ви звучи слатко, но тоа го прават намерно и најчесто користат лош јазик.
11. Тие мораат да знаат сè за вас, или пак сакаат да бидат вклучени во сè што правите.
12. Тие се лутат кога ги задевате, дури и ако станува збор за начин на кој покажувате љубов.
13. Тие често ве казнуваат со тоа што не ви зборуваат, или се воздржуваат од љубов, грижа и секс.
14. Ако настане конфликт, вие секогаш губите и секогаш морате да се извините.
15. Тие ги контролираат парите и вие сте испрашувани за секој ваш трошок.
16. Ако тие мразат некого, истото треба да го правите и вие.
17. Ве убедуваат дека вашите соништа не вредат и ви ја убиваат амбицијата.
18. Секогаш кога се обидувате да им кажете дека ве повредуваат, тие ви велат дека сте премногу емоционални или чувствителни.
19. Страв ви е да не успеете пред нив.
20. Тие ги контролираат вашите животни одлуки, вклучувајќи го и изборот на кариера.
Прочитајте и за овие 5 работи кои изгледаат како љубов, а всушност се емоционална злоупотреба.