Како да ги обликувате веѓите според обликот на лицето?
Кога станува збор за лицето, обликот на веѓите е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат сите девојки кога ќе дојде време да го дефинираат нивниот изглед. Во принцип, решението на овој проблем не е многу сложено. Секое лице се карактеризира со специфични и единствени црти кои ви е цел да ги изразите, а на база на кои се врши обликувањето на веѓите. Така, потребно е да ги земете предвид обликот и големината на лицето, положбата на очите и носот, како и јаболчниците.
Доколку имате мало лице и ситни очи, тогаш густите и големи веѓи ќе доминираат со целото лице. Целта при обликувањето на веѓите ќе биде да се отвори погледот така што ќе го зголемите просторот меѓу веѓите и горната линија на трепките. Благо истанчете ги и изразете ги веѓите со цел да ги истакнете вашите очи. Ако пак имате големо лице, тогаш тенките веѓи не се добар избор. Тука густите веѓи ќе завршат подобра работа така што ќе го поделат вашето лице на три еднакви делови со што ќе добиете балансиран изглед.
Во глобала, лицето на секоја жена може да се вброи во шест основни типови: кружно, овално, во облик на квадрат, во облик на срце, издолжено и во облик на дијамант.
На овалното лице (како на Џенифер Анистон) стои скоро секој облик на веѓи.
На лицето во облик на квадрат (како на Брук Шилдс) најубаво би изгледале веѓи со благо заоблен лак кои ќе ја ублажат геометриската контура на лицето.
Издолженото лице (како на Сара Џесика Паркер) бара скоро рамни веѓи со благ лак кон надворешниот раб на лицето.
Скоро рамна линија на веѓи одговара и на лицето во облик на дијамант (како на Елизабет Харли).
На лицето во облик на срце (како на Рис Витерспун) совршено одговараат заоблени веѓи.
На кружното лице (како на Ема Стоун) ќе личат веѓи со остар лак кои ќе го изразат горниот дел на лицето.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.