Како да ги носите машките обувки на женствен начин?
Во последните неколку сезони светската модна сцена е „преплавена“ со дами кои носат машки обувки. Откако конечно завршивме со зимата, која изгледаше како да трае цела вечност, многу подготвено и весело ја дочекуваме новата сезона во која кончено ќе можеме да облечеме некои полесни и позанимливи обувки. Бидејќи, сѐ уште не е доволно топло за сандали, а сигурно не сакате целиот ден да го поминете на високи потпетици, рамните обувки и тоа како може да делуваат женствено и тренди, ако знаете како да ги стилизирате.
За оние девојки кои сѐ уште не се осудиле да испробаат вакво нешто, подготвивме мал водич за тоа како модните ѕвезди и блогерки ги носат машките обувки на женствен начин! Во комбинација со широки здолништа, фустани, со подвиткани ногавици или тесни фармерки, ви претставуваме 7 модни комбинации кои ќе ве инспирираат и ќе ви помогнат во нивното комбинирање.
1. Броги + фустан
Кој вели дека фустаните може да изгледаат женствено само во комбинација со чевли со висока потпетица? Вие можете и со броги да изгледате исто толку романтично!
2. Мокасини + тесни фармерки
За опуштено попладне со пријателките, прошетка низ градот или ден кога ве чекаат премногу обврски и во кој постојано ќе бидете во движење, комбинирајте ги мокасините со вашите омилени тесни фармерки и бела блуза – модна комбинација со која нема грешка!
3. Мокасини + мини здолниште
Ако некогаш сте се прашувале како да го носите вашето омилено мини здолниште во дневна варијанта, а не сакате да изгледате како да излегувате во ноќен клуб, ова е решението. Комбинирајте го заедно со мокасини и тренч мантил за да добиете мала нота на француски стил.
Продолжете на следната страница за да дознете како да ги комбинирате машките обувки во работните и спортските модни комбинации.