Како да ги намалите грижите, анксиозноста и токсичните мисли?

Како да ги намалите грижите, анксиозноста и токсичните мисли?

Една возрасна личност поминува 80% од времето мислејќи на грешките од минатото и грижејќи се за иднината. Животот би бил многу полесен доколку умееме да ги надминеме овие грижи, иако тоа може да биде вистински предизвик за луѓето чие минато е исполнето со тешки спомени и трауми. Тие пак, создаваат недоверба во иднината.

Како да ги намалите грижите, анксиозноста и токсичните мисли?

Ваквата состојба луѓето ја опишуваат како тенок, но иритирачки глас во нивната глава, кој ги потсетува на сите грешки во минатото, ги враќа непријатните спомени и создава токсични мисли. Како последица на тоа, живеат во постојан страв, недоверба и самокритичност.

Во чест на месецот мај, кој во САД е прогласен за месец за подигнување на свесноста за менталното здравје, препорачуваме да ги следите овие неколку трикови со кои ќе си го олесните животот:

1. Направете разлика меѓу корисните и токсичните грижи

Грижите не секогаш се лоши. Корисната грижа е ваш сојузник низ животот, кој ве насочува правилно да се справувате со одредени ситуации. Најчесто се појавува пред важен состанок или носење на некоја одлука која може целосно да го промени животот.

Токсичните грижи, пак, ве ставаат во бесконечен вртлог во кој околу вас се вртат сите ваши стравови. Поради тоа, може да одлучите да не преземете некоја акција, која инаку е неопходна во тој момент. Ако често се прашувате што правите вие во тој момент, што мислат другите за вас и се грижите дека нешто лошо ќе се случи, тогаш вашите мисли се обземени од токсични грижи.

Затоа, најдобро е да направите листа на сè што ве загрижува и потоа да ги поделите грижите на корисни и токсични. Запрашајте се што можете да направите и како да влијаете врз нив. Потоа, направете план за акција, со кој ќе си помогнете полесно да се ослободите од грижите.

2. Не ги потиснувајте негативните чувства

Ваквите чувства се неизоставен дел од животот на секој човек, а и воопшто не е нормално постојано да бидете позитивни и насмеани, иако не ви е до тоа. Убаво е да сакате да ја видите и светлата страна на нештата, но не дозволувајте негативните чувства да останат закопани длабоко во вас. Токму тие можат да ви донесат нови вештини, како одлучност и мудрост.

Како да ги намалите грижите, анксиозноста и токсичните мисли?

3. Кога се соочувате со страв или анксиозност…

Создадете мала игра во која на вашиот страв ќе му дадете име, со кое понатаму ќе му се обраќате. Воспоставете комуникација со внатрешниот глас и дозволете искрено да си одговарате на прашањата што ги имате. Однесувајте се како кон дете, од кое одговори можете да добиете само ако поставите низа прашања.

На крај, зададете цел, побарајте од вашиот страв да ви помогне да ја сфатите важноста на нештата. Уверете се дека можете да направите сè што ќе посакате. Тогаш стравот самиот ќе се повлече.

4. Препознајте ја пораката која мислите ви ја испраќаат

Запрашајте се која е пораката што вашите мисли се обидуваат да ви ја испратат за некоја работа или одлука. Препознајте од каде потекнуваат грижите и не плашете се гласно да си поставите прашања во врска со нив.

Наместо да дозволите лошите мисли и спомени да ве спречуваат да ги постигнувате зацртаните цели, обидете се да ги пренасочите во конструктивна насока. Надминувањето на стравовите во комбинација со корисната грижа можат да ви помогнат да ги реализирате сите идеи, визии и соништа кои ги имате.

Прочитајте ги и овие инспиративни цитати за полесно прифаќање на минатото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар