Како да ги комбинирате фармерките во црвена боја?
Фармерките се едно од оние парчиња облека кои секоја модерна девојка ги има во својот гардероберот. Но, тоа што е интересно е дека најчесто црвените фармерки се избегнуваат, дури и покрај нивната популарност, бидејќи девојките веруваат дека немаат со што да ги комбинираат. Со оглед на тоа дека црвената боја е доста впечатлива и секогаш атрактивна, црвените фармерки се парче облека, кое мора веднаш да го купите, ако сакате секогаш и секаде да привлекувате внимание и погледи. Многу девојки се запрашуваат како да ги вклопат црвените фармерки или пантолони и кои бои би требало да ги носат со оваа парче, а ние денес ви даваме неколку совети кои ќе ви помогнат да ја одберете совршената модна комбинација.
1. Неутрални бои
Блуза или кошула во бела, светло кафеава или крем боја се секогаш најдобар избор ако носите црвени пантолони на работа или пак сакате да излезете на прошетка.
2. Црна комбинација
Црната боја е секога добитна комбинација кога станува збор за црвени фамерки. Моделите со силна црвена боја треба да ги носите со црни комбинации, но и со морнарски принт. Заедно со пантолоните облечете црна блуза, црн џемпер, туника, црна кожна јакна и обувки на висока потпетица. Супер удобно и супер модерно.
3. Розов капут
Кој вели дека не треба да си играте и да експериментирате со модата, и дека постојат бои кои не се сложуваат едни покрај други? Што мислите за комбинацијата на црвени пантолони и розов капут? Најверојатно ќе одмавнете со главата, но фотографијата подолу ќе ве разувери и ќе ве убеди дека црвената и розовата сепак се сложуваат.
4. Блуза со принтови
Заедно со црвените фармерки, одлично стои блузата со цветен принт. Исто така, добар избор е шарен џемпер, но изберете некој модел со неутрални бои и шари.
5. Бела блуза
Белата широка блуза со кратки ракави е одличен избор со кој никогаш нема да погрешите. Комбинацијата со црвени фармерки и бела блуза можете да ја освежите со крзнен елек кој е вистински хит за оваа сезона. На крај, облечете крем сандали со висока потпетица и тоа ќе биде полн погодок.