Како да ги искористите лековитите својства на босилекот?

Како да ги искористите лековитите својства на босилекот?

Босилекот е еден од најстарите и најпопуларните зачини, а се користел во Африка, во Азија и во Индија, каде што се сметал за свето растение. Постојат дури 35 видови босилек, од кои најпознат е обичниот босилек, кој се стекна со слава преку гастрономијата. Се користи како зачин во многу јадења, но и во пијалаци, а најпозната варијанта е онаа во форма на песто сос.

Како да ги искористите лековитите својства на босилекот?

Лековити својства

Одамна се верувало во лековитите својства на босилекот, а современите истражувања гo потврдуваат тоа. Овој хербален лек содржи есенцијални масла богати со активни супстанции. Есенцијалните масла од растението се штетни за паразитите и го штитат организмот од патогени бактерии, вируси и болести. Босилекот е богат со витамин А, железо, магнезиум и антиоксиданти кои ја стимулираат циркулацијата, ја намалуваат оксидацијата на холестерол и штитат од формирање слободни радикали.

Придобивки од босилекот:

  • Моќен антиоксидант
  • Го зајакнува имунитетот
  • Штити од инфекции, рак и тумори
  • Го подобрува варењето на храната
  • Ги штити црниот дроб, крвните садови и срцето
  • Ги намалува болката и високата температура
  • Штити од деменција и го забавува стареењето

Многу луѓе не знаат за лековитите својства на босилекот, а кога ќе дознаат, се прашуваат како да ги искористат сите негови придобивки користејќи го само како зачин или во многу мали количини? Одговорот лежи во чајот од босилек.

Подготовка на чај од босилек

За да подготвите чај од босилек, треба да прелиете две лажички сушен босилек со врела вода. Оставете го да отстои 15 минути и исцедете го. Не е потребно да додавате засладувачи. Чајот е исклучително вкусен и освежителен и е совршен топол напиток за зајакнување на имунитетот во текот на ладните денови.

Прочитајте кои се лековитите својства на лисјата од смоква.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар