Како да ги исчистете забите со забен конец на правилен начин за само една минута?
Чистењето на забите со забен конец е подеднакво важно за денталното здравје како и миењето на забите со четкичка. Само миењето на забите не е доволно за одржување на добро здравје на забите.
Во ова видео заболекарот Карлос Мелнер објаснува како да го направите тоа на правилен начин за да ги исчистите забите што подобро за многу кратко време. Вели дека клучно е конецот да го фатите само со прстите. Така ќе ставите помалку конец во устата, полесно ќе манипулирате со него и полесно и ќе ги исчистите.
Намотајте го конецот на показалците, а потоа за горната вилица помогнете си со двата палци, додека за долната со двата средни прсти. Погледнете како изгледа оваа едноставна техника на чистење на забите со забен конец.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.