Како да ги читате туѓите мисли за време на конфликт?

Како да ги читате туѓите мисли за време на конфликт?

Реално, конфликтите се неизбежен дел од сечиј живот. Секој се расправал со некого, без разлика дали тоа е колега, член од семејството или пријател. Но веројатно имате забележано дека една личност може да ја спречи расправата исто како што ја започнала.

Како да ги читате туѓите мисли за време на конфликт?

Понекогаш ова изгледа како таа личност да може да чита мисли. За жал, не секој станува експерт за справување со конфликти. Покрај тоа луѓето кои ги сретнувате се многу различни и она што е навредливо за некој, не му значи ништо на друг.

За навистина да го откриете изворот на проблемот и да го решите потребно е да читате помеѓу редови, да ги набљудувате постапките на соговорникот и да слушате повеќе отколку што зборувате. Со други зборови, треба да знаете да читате туѓи мисли. Пред сè важно е да забележите со како вид гневна личност се справувате. Оттаму ќе ви биде полесно да ги прочитате нејзините мисли и ќе можете да најдете решение.

1. Гневно однесување

Овој гнев е непредвидлив и се искажува физички и директно. Оваа личност може да почне и да фрла работи ако не може да го контролира гневот.

Како да се справите?
  • Оставете ги егото и гордоста. Иако е примамливо немојте да додавате гориво на огнот. Многу важно да не ја притискате личноста и да најдете начин да ја смирите. Причината е што личноста е во навистина ранлива состојба и е чувствителна на сè што ќе кажете. Еден погрешен збор може само да ја влоши целата ситуација. Не се расправајте за тоа кој е виновен, туку побарајте предлог за решавање на проблемот.
  • Дозволете ѝ на личноста да се смири. Ако обидот да ја смирите личноста е неуспешен, дозволете ѝ сама да се смири. Нема смисла да се обидувате да бидете рационални кога личноста воопшто не ве слуша.

2. Вербален гнев

Овој вид гнев е како емоционална и психичка злоупотреба што го повредува соговорникот преку зборови. Овие луѓе го искажуваат нивниот гнев преку викање, пцовки, закани, сарказам и критикување. Често се чувствуваат засрамено откако ќе помине гневот.

Како да се справите?
  • Не сфаќајте ништо лично. Вербално агресивните луѓе зборуваат за да ве повредат. Наместо лично да ги сфаќате нивните зборови, имајте на ум дека не можат да ве повредат ако не дозволите. Исто така избегнувајте и вие да кажете нешто додека сте гневни само за да вратите. Не се спуштајте на нивно ниво. Запомнете дека штом ќе се смири, на оваа личност ќе ѝ биде жал што кажала некои работи.
  • Одговорете со хумор. Ако не можете да одолеете и да вратите, обидете се со шега. Иако никој не сака да се шегуваат во вакви ситуации, ова може да ја намали напнатоста. Шегата може да биде и на ваша сметка.
  • Поставете граници ако претера. Понекогаш овие луѓе можат да ги преминат границите со она што го зборуваат. Можеби не се гневни поради вас, туку некој сосема друг но потсвесно ви се „истураат“ вам. Ако забележите дека претерале, обидете се на мирен начин да им го кажете тоа.

3. Наметлив гнев

Ова е најздравиот начин за справување со гневот. Овие луѓе го користат гневот и ја насочуваат енергијата за позитивна промена. Отворено разговараат за проблемите и бараат решение на мирен начин.

Како да се справите?
  • Покажете го вашето разбирање. Овие луѓе немаат намера да ве повредат, туку сакаат да го решат проблемот. Како и да е, ова не значи дека ќе внимаваат на нивните зборови. Слушајте внимателно што сакаат да кажат и покажете сочувство.
  • Дајте им го она што го сакаат. Овие луѓе бараат промена, најчесто на подобро. Па обидете се да откриете како можете да им помогнете откако ќе кажат што е проблемот.

4. Пасивен гнев

Овие луѓе избегнуваат конфликти и го потиснуваат чувствово на гнев. Како резултат ги покажуваат негативните чувства суптилно преку нивните постапки. Ова создава нејасна линија помеѓу она што го кажуваат и она што навистина го мислат.

Како да се справите?
  • Бидете наметливи кога зборувате. Бидејќи овие луѓе не се соочуваат со проблемот, важно е вие да го направите тоа. Кажете кој е проблемот, како се чувствувате и кажете им дека ги разбирате.
  • Не ги забавувајте. Понекогаш овие луѓе кажуваат едно, но нивната намера значи нешто сосема друго. Во таква ситуација не прашувајте ги што навистина мислеле, туку одговорете во контекст на она што ви го кажале.

Погледнете и кои се работите што не треба да ги правите кога сте лути.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар