Како да знаете дали сте финансиски успешни? - Part 2

Како да знаете дали сте финансиски успешни?

6. Немате долгови

(6)kako-da-doznaete-dali-ste-finansiski-uspeshni-kafepauza.mk

Многу е полесно да станете финансиски успешни ако заработувате повеќе отколку што должите. Оние кои стигнале на врвот знаат кога е време да го затворат паричникот пред работите да излезат од контрола. Тие исто така се свесни дека кредитните картички не треба да се користат секојдневно. Ако не можете да се пронајдете во овој опис, побарајте стручна помош бидејќи можеби имате проблем со прекумерно трошење.

7. Имате буџет

(7)kako-da-doznaete-dali-ste-finansiski-uspeshni-kafepauza.mk

Одредувањето буџет е клучно за финансискиот успех. Следите колку пари заработувате и јасно ви е кога и за што ги трошите. Не ви е проблем да ги средувате месечните трошоци бидејќи веќе ви е одреден буџетот.

8. Имате заштеда за итни случаи

Young man depositing money in piggy bank

За вас штедењето е начин на живот. Ако се соочите со финансиска криза, наместо да позајмувате вие сте подготвени. Кредитите не ви се првиот избор. Имате заштедено за барем 3 месеци и не ги трошите тие пари освен ако навистина не е потребно тоа.

9. Штедите за во пензија

(9)kako-da-doznaete-dali-ste-finansiski-uspeshni-kafepauza.mk

Наместо постојано да се фокусирате на сегашноста, вие размислувате и за вашата иднина. Знаете дека парите се зголемуваат со текот на времето, па почнувате да инвестирате што е можно побрзо.

10. Не одите во шопинг само за забава

(10)kako-da-doznaete-dali-ste-finansiski-uspeshni-kafepauza.mk

Имате контрола над парите што ги трошите и не одите во шопинг без намера. Иако купувањето може да биде забавно, секогаш ја барате најдобрата зделка. За финансиски успех не треба да го гледате купувањето како рекреација.

Дознајте и кои се 8-те правила за успех.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар