Како да знаете дали сте финансиски успешни?
Ако сакате подобро да ги менаџирате вашите финансиски средства, сигурно сте направиле некаков обид да ги подобрите вашите навики на трошење. Сепак, можеби сè уште не се чувствувате финансиски успешни. Околу 58% од младите изјавиле дека се назад кога станува збор за финансиски успех. Со текот на времето откако ќе почнете да правите некакви промени, можеби ќе се почувствувате успешни, но тоа не е доволно за да се измери вашиот напредок. Па, како да знаете дали конечно сте постигнале финансиски успех? Следниве знаци укажуваат на тоа.
1. Имате јасни финансиски цели
Надевањето и посакувањето нема да ви донесат ништо. Тешко дека ќе постигнете финансиски успех ако немате јасно дефинирана цел. Кога ќе знаете како сакате да управувате со вашите пари и кога успешно ги исполнувате финансиските цели, тоа е знак дека сте успешни. Ако немате никаква цел за вашите пари, не треба да очекувате да постигнете големи нешта бидејќи нема да знаете кога сте постигнале некаков успех. Уште денес направете си листа со вашите финансиски цели. Ако на пример сакате да купите нов дом, направете план за штедење. Планирањето, а не надевањето, ќе ви помогне полесно да стигнете до целта.
2. Вашиот кредит не е хаотичен
Уште еден знак за финансиски успех е справувањето со кредитите. Финансиски успешните луѓе не се неуредни кога станува збор за нивните картички. Ако ги користите вашите кредитни картички само кога е неопходно, вие сте на добар пат. За подобро управување со кредитните картички побарајте извештај. Кога ќе знаете што не е во ред, лесно ќе можете да го поправите.
3. Имате неколку извори на приход
Не ви е страв да го изгубите работното место бидејќи имате повеќе од еден извор на приход. Покрај вашата редовна работа, имате нешто хонорарно или сопствен бизнис. Исто така ги инвестирате вашите пари. На овој начин, кога со една работа ќе се појават проблеми можете смирено да ги решите бидејќи не зависите само од неа.
4. Не прифаќате совети од секого
Само еден лош финансиски совет може да ве доведе до катастрофа. Опасно е да прифаќате совети од секого, особено од некој што не е квалификуван за тоа. Ова значи дека семејството и пријателите, освен ако не се обучени, не се најдобрите советници за вашите пари. Подобро обратете се кај професионалец.
5. Ја знаете разликата помеѓу „треба“ и „сака“
Кога сте финансиски успешни вам ви е позната разликата помеѓу она што го сакате и она што ви треба. Никогаш не ги ставате на прво место нештата што ги сакате, а што не ви требаат. Јасни ви се предностите од чекањето за да можете да ја постигнете финансиската цел. Ако не можете да ги разликувате овие поими, добро размислете пред да купите нешто. Ако не сте сигурни, голема е веројатноста дека тоа нешто не ви е најпотребно.
Продолжува на следната страница…