Како да дознаете дали ѝ се допаѓате на девојката која ве интересира?

Како да дознаете дали ѝ се допаѓате на девојката која ве интересира?

Девојката на која ѝ се допаѓате секогаш наоѓа причина за да разговара со вас. Таа секогаш ќе најде време за да ви прати порака или да излезе со вас во текот на неделата, без разлика колку е зафатена.

Како да дознаете дали ѝ се допаѓате на девојката која ве интересира?

Таа без проблем ќе остане подоцна одошто треба само за да види што сте ѝ одговориле на последната порака. И веднаш потоа нема да се воздржи и ќе ви врати со уште послатки зборови. Таа ќе дава сѐ од себе за да тече разговорот што е можно подолго. Кога ќе забележи дека ви снемуваат теми за разговор, таа ќе најде начин за да продолжи вашата конверзација. Таа едноставно не сака да престанете да зборувате со неа.

Девојката на која ѝ се допаѓате го чува телефонот до креветот и се буди на секое титкање иако знае дека ќе биде поспана наредниот ден и ќе се мрази себеси што ве ставила вас пред нејзиниот сон.

Таа ќе се интересира за вашите родители, домашни миленици, желби… Ќе ги памети имињата на вашите братучеди и на податокот дека сте одржале презентација на работа. Таа ќе биде во тек со сите нешта што ви значат.

Оваа девојка ќе ги забележува ситниците. Таа ќе ја пофали вашата фризура иако речиси воопшто не сте го смениле нејзиниот изглед. Таа ќе ви го донесе омилениот пијалак иако никогаш отворено не сте ѝ ја открила таа информација. Таа едноставно обрнала внимание и самата дошла до вистинскиот заклучок.

Девојката на која ѝ се допаѓате секогаш ќе наоѓа изговор да ве допре. Таа ве прегрнува кога седите еден до друг и нејзините раце секогаш се наоѓаат на вашето тело. Оваа девојка секогаш гледа да биде во ваша близина кога сте излезени со друштво. Таа планира дружби насамо, затоа што сака да ве има само за себе.

Девојката на која ѝ се допаѓате станува нервозна кога ќе ѝ се приближите. Почнува да трепери и да си игра со косата. Јазикот ѝ се плетка бидејќи премногу се труди да ги каже вистинските зборови. Таа гласно се смее на секој збор што ќе го изговорите, не затоа што сака да ви ја зголеми самодовербата, туку затоа што навистина ужива да поминува време со вас. Таа мисли дека сте неодоливи дури и тогаш кога сте будалести.

Таа им зборува за вас на сите луѓе што ќе ги сретне. Сите нејзини пријатели и членови од семејството го знаат вашето име. Оваа девојка секогаш се труди да направи нешто убаво за вас. Постојано ви дава и дава, без да очекува ништо за возврат.

Девојката на која ѝ се допаѓате навистина се труди. Таа е подготвена да направи сѐ за да ја види вашата насмевка. Немојте да ја пропуштите оваа девојка. Таа знае како да ве сака и ќе ви го даде токму тоа што ви треба.

Прочитајте ги и овие знаци на заљубеност кај една жена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар