Како да бидете уште подобра најдобра пријателка?

Како да бидете уште подобра најдобра пријателка?

Вашата најдобра пријателка секогаш може да се потпре на вас. Без разлика дали станува збор за модни совети, љубовни совети или какви било секојдневни дилеми и проблеми, таа знае дека со само еден телефонски повик ќе ја добие вашата помош и ќе ѝ понудите решение. Се разбира, кога сте заедно секогаш си поминувате одлично и токму тоа ве прави најдобри пријателки.

Како да бидете уште подобра најдобра пријателка?

Но, дали сте се запрашале дали сте доволно добра пријателка за вашата најдобра пријателка? Доколку сакате да ѝ покажете на оваа личност колку всушност ви значи, следниве совети ќе ви помогнат во тоа и ќе го однесат вашето пријателство на ново, повисоко ниво.

1. Јавете ѝ се!

Веројатно постојано комуницирате со најдобрата пријателка. Што и да се случи, таа е првата личност на којашто ѝ пишувате порака. Веројатно можете да се разберете и само со користење на емотикони. Но кога последен пат сте се слушнале телефонски? Доколку, на пример, живеете во разни градови или и двете сте премногу зафатени, голема е веројатноста да не се гледате со денови. Во овие периоди доволно е да ѝ се јавите само за да го слушнете нејзиниот глас и да ја прашате што се случува во нејзиниот живот откако последен пат сте се виделе. Разговорот на мобилен ќе ве врати во минатото кога со часови сте разговарале на фиксен телефон. Ова ќе ви годи и ќе ја подобри вашата комуникација, но и вашето пријателство.

2. Поддржете ја да излезе од удобната зона

Кога сте вистинска најдобра пријателка, нормално дека секогаш ќе бидете тука за оваа личност. Вие ќе бидете нејзиниот дневен поттик кој ѝ дава сила, ја мотивира и ја инспирира и ќе ја поддржувате во сè. Без сомнение, и вашата најдобра пријателка го прави истото со вас. Интересно е што неколку истражувања покажале дека најдобрите пријатели навистина ни помагаат кога сакаме да излеземе од нашата удобна зона. Па, доколку вашата пријателка се плаши од нешто, а вие сметате дека мора да го направи тоа за неа, поттурнете ја и мотивирајте ја да направи нешто на коешто не е навикната, но сигурно ќе ѝ биде од корист. Животот се случува надвор од удобната зона и дури кога ќе излеете од неа, ќе можете да ги остварите вашите соништа и да ги совладате сите препреки. Па, бидете извор на сила за вашата пријателка и уште денес помогнете и да ја напушти нејзината удобна зона.

3. Помогнете ѝ да го совлада посакуваниот предизвик

Без разлика дали е диета, пријавување на маратон или што било друго, можеби вашата најдобра пријателка е соочена со предизвик којшто не успеала да го надмине досега. Тоа е јасен знак дека ѝ е потребен некој којшто ќе ја мотивира и ќе ја „повлече“ кон успехот. Се разбира, оваа личност сте вие. Обидете се да го надминете предизвикот, бидејќи заедно можете да направите сè. Бидете нејзин партнер и секогаш кога ќе наиде на пречка, потсетете ја дека е силна и храбра и дека со ваша помош ќе може да ја исполни секоја цел. Истовремено и вие ќе научите важна лекција – кога сте здружени заедно, ништо не може да ви застане на патот.

Погледнете и кои работи треба да ги направите со вашата најдобра пријателка оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар