Како да бидете сингл? 3 работи кои сериските моногамисти треба да ги подобрат
Да се биде сингл е тешко. Со социјалните мрежи и апликациите за средби и состаноци, жените се соочуваат со партнери за кои не им е грижа и скршени ветувања до партнери за кои навистина се заинтересирани. Но, време е да го пренасочите вниманието кон најважната личност во вашиот живот: себеси. За да бидете во една здрава и функционална врска со некој друг, најпрвин треба да бидете во здрава и функционална врска со самите себеси, бидејќи ако тргнувате од место исполнето со нестабилност, ќе привлекувате и нестабилни партнери.
Можеби ќе биде малку комплицирано на почетокот, но со тек на време ќе успеете да ги извадите вашите моногамни очила и ќе започнете да ги гледате вашите потенцијални партнери онакви какви што се: несовршени. А, несовршеноста може да биде одлична. Но, за да ги прифатите туѓите несовршености, најпрво треба да ги прифатите своите.
1. Време е буквално да се заљубите во себе
Ова е единствениот момент од вашиот живот во кој можете да си дозволите да бидете себични. Стигмата на зборот „себичност“ доаѓа во игра кога ќе почнете да ги занемарувате потребите на другите за да ги остварите своите. Ова е еден краток период од животот во кој вашата најголема одговорност ќе биде грижата за себе. Прифатете го тоа и уживајте.
2. Вие сте ѕвездата на својот живот
Никој не може да го украде вашето светло, освен ако самите не го дозволите тоа. Бидете најдобрата верзија од себе. Бидете женствени и правете ги оние работи кои ве прават да се чувствувате така: одете на масажа, направете си топла купка, носете ги омилените парчиња облека, прочитајте некоја феминистичка книга, направете си маникир и педикир… Луѓето ќе се однесуваат со вас онака како што вие се однесувате со себе.
3. Разгалете се
Дајте им до знаење на сите потенцијални партнери со што ќе се соочуваат. Трошете го времето на себе. Завршувањето на една врска може да ве направи да се чувствувате слаби и несигурни, па наместо да ги покривате вашите несигурности прифатете ги и соочете се со нив. Запомнете, патот кон вашата самоактуелизација не мора да го чекорите сами. Понесете ја со вас личноста на која најмногу ѝ верувате, како на пример вашиот најдобар пријател, кажете им како се чувствувате, споделете го својот план и тргнете напред. Секој проблем со кој ќе се соочите е валиден, но не ве дефинира. Вие се дефинирате себеси. На вас е да ги воочите своите најлоши квалитети и да се фокусирате на најдобрите. Почитувајте ја жената во себе.