Како да бидете шармантни?

Како да бидете шармантни?

Шармантните луѓе се свои, се сакаат себеси, а истовремено ги почитуваат другите и се секогаш пријателски настроени. Доколку мислите дека ви недостасува малку шарм во вашето однесување, погледнете како можете да го промените тоа.

Како да бидете шармантни?

Интересирајте се за другите

Бидете промислени кога покажувате вистински интерес за она што го прават другите. Доколку ви е тешко први да започнете разговор со некого, тогаш кога соговорникот ќе отвори некоја тема на разговор, не срамете се да поставувате прашања. Доколку пак, другите вам први ви приоѓаат, слушајте внимателно што имаат да ви кажат и бидете промислени во одговорите.

Гледајте го соговорникот во очи

Очите се огледало на душата. Многу е важно за време на разговорот да го гледате соговорникот во очи, бидејќи тоа суптилно покажува дека го/ја разбирате, почитувате и ви значи.

Бидете точни

Кога имате закажано средба со некого, настојувајте да се појавувате навреме. Точноста е знак дека ги почитувате. Доколку пак некогаш ви се случи да задоцните, тогаш барем известете ги преку повик или порака.

Давајте комплименти

Бидете искрени кога давате комплименти, инаку би наликувало на ласкање, што само ќе ги оттргне луѓето од вас. Исто така, не очекувајте ништо за возврат, бидејќи некои луѓе и не знаат што да кажат кога некој ќе ги пофали. Само бидете искрени и со сигурност ќе оставите добар впечаток.

Сочувствувајте

Сочувствувате со некого кога можете да се ставите во нивната ситуација и да претпоставите како се чувствуваат, па според тоа, да ги сослушате и охрабрите. Ваквата особина е важна бидејќи создава чувство на несебичност, што ги прави другите да се чувствуваат сигурно и пријатно кога се со вас.

Внимавајте на деталите

Само ако внимателно слушате ќе можете да ги запомните деталите за одредена личност. Ова е најлесниот начин да ја придобиете нивната почит и доверба.

Смисла за хумор

Бидете свои и негувајте си ја уникатната смисла за хумор. Не бидете премногу саркастични бидејќи ако претерате може да ги повредите другите и да направите да се чувствуваат непријатно. Само опуштете се и бидете насмеани.

Никогаш не престанувајте да учите

Шармантните луѓе се секогаш во тек со сè што се случува и лесно може да се вклопат во секој разговор. Затоа, бидете љубопитни, истражувајте и учете постојано. Ова ви ги шири видиците и ве прави поотворени кон луѓето од други култури истовремено, што пак е огромен плус каде и да одите.

Покажете ранливост

Ранливоста покажува дека сте човек, дека имате чувства и дека не секогаш можете да бидете совршени. На овој начин, природно ќе се поврзете со другите и веднаш ќе ја стекнете нивната доверба.

Забавувајте се

Животот е краток, затоа забавувајте се. Ако имате можност да направите нешто ново и различно, не мислете се премногу и едноставно прифатете го предизвикот. Запомнете, личноста која ужива во слободата и знае да се забавува е секогаш привлечна и достапна за другите.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар