Како да бидете посреќни?

Како да бидете посреќни?

Дали постои универзална формула за среќа? Ако постои, од каде да го најдеме рецептот? Да се биде среќен не е некоја сложена работа и тешка задача. Светот е онаков каков што ние го гледаме. Низ призмата на сивилото е сив, низ призмата на розовото е розов, ништо тешко, ниту пак комплицирано. Хранете се со позитивност, убавина, спокој и насмевки. Уште веднаш бидете посреќни!

Како да бидете посреќни

Како да бидете посреќни?
  • Гледајте помалку телевизија, читајте многу книги.
  • Бидете упорни и не откажувајте се лесно.
  • Не работете премногу напорно, работете малку повеќе од она што е доволно.
  • Верувајте во чуда и случајности.
  • Бидете организирани.
  • Престанете секаде да барате логика, не размислувајте претерано за нештата.
  • Спортувајте.
  • Научете да се сакате себеси, онакви какви што навистина сте.
  • Престанете сè да планирате однапред, едноставно оставете некои работи да се движат по природен тек.
  • Бидете блиски со вашето семејство.
  • Верувајте во себе, имајте самодоверба.
  • Сакајте го она што го работите.
  • Не обидувајте се да бидете нешто што не сте.
  • Помагајте им на другите.
  • Гласно кажувајте го вашето мислење, не потиснувајте ги своите емоции.
  • Ослободете се од личностите и работите кои негативно влијаат на вас и ве прават несреќни.
  • Оставете некои работи да бидат несовршени.
  • Научете како да најдете инспирација во сè, секогаш бидете инспирирани.
  • Не завидувајте на туѓ успех, но туѓиот успех нека ве поттикне да работите понапорно.
  • Не ситете се со туѓиот неуспех.
  • Ценете ги работите кои не се купуваат со пари и нештата кои можете да ги дадете и кога немате пари.
  • Кога работите ќе тргнат наопаку, пронајдете инспирација за борба.
  • Кога ќе добиете критика, од инает работете понапорно.
  • Бидете благодарни, многу благодарни за сè што имате и за сите работи во кои можете да уживате.
  • Пофалете се за нешто за што сте навистина добри.
  • Смејте се многу, дури и тогаш кога не ви е до смеење.
  • Не вреднувајте ги премногу парите и материјалните средства, но немојте ни да ги потценувате.
  • Изградете свој сопствен стил на работа, движење, смеење, пиење кафе, имајте си свои ритуали и нешта по кои ќе бидете препознатливи.
  • Престанете да се измачувате и скратете ги нештата кои ви ја одземаат енергијата и ве прават несреќни.
  • Не омаловажувајте никого, но не дозволувајте ни вие да бидете потценети.
  • Препуштете им се со целото срце на животните задоволства!
  • Научете да ги цените убавините на животот и знајте како секаде да го пронајдете убавото.
  • Вашите маани кажувајте ги како да ви се доблести.
  • Радувајте се на ситници и мали нешта.
  • Бидете свесни дека животот е краток, па не ви се исплаќа да чувствувате злоба, омраза, притисок, здодевност и алчност.
  • Секогаш стремете се кон остварување на соништата.
  • Не срамете се да признаете дека за нешто сте различни.
  • Размислувајте позитивно, очекувајте добри работи.
  • Танцувајте, играјте и скокајте, не потиснувајте ги во себе чувствата кои ви ги носат убавите ритми.
  • Смејте им се во лице на поразите.
  • Сакајте си ги непријателите за да им докажете дека сте поголема личност од нив.
  • Љубете, бакнувајте и гушкајте… дооолго, слатко и страсно. 🙂

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар