Како да бидете попродуктивни ако работите од дома?

Како да бидете попродуктивни ако работите од дома?

Доколку работите од дома изложени сте на многу нешта кои ве деконцентрираат и ви го пренасочуваат фокусот од главните обврски и задачи. Работната средина игра голема улога во продуктивноста. Кога последен пат ви се случило да сфатите дека поминал цел ден а вие одвај сте извршиле дел од планираните обврски? Многу ситни и неважни „обврски“ кои си ги задавате во меѓувреме може да ве направат крајно непродуктивни. Ова се 5 совети кои ќе ви помогнат да бидете навремени, продуктивни и одговорни ако работите од дома.

Како да бидете попродуктивни ако работите од дома?

1. Подгответе се на целосна изолација

Подгответе се на полно работно време од дома и изолирајте се целосно од надворешниот свет. Не, не сте слободни за кафе-муабет со пријател/ката бидејќи по правило вие сте на работа, иако технички сте дома. Одберете мирна и светла просторија во домот каде никој нема да ве вознемирува. Добро е тоа да не биде вашата спална соба за вашиот мозок автоматски да прави разлика меѓу приватниот простор за одмор и местото каде си ги извршувате обврските.

2. Кафето ви е најголем пријател

Луѓето кои работат од дома постојано се пред компјутер, изложени на неговото зрачење кое дополнително ја цица енергијата. Кафето е најголем пријател на оние кои работат од дома, токму затоа секој компјутерски гик на филмовите е прикажан со шолја кафе. Мирисот на доброто кафе може да ве инспирира и да ви вдахне позитивна енергија, а доволно јако кафе ќе направи да работите како приклучени на струја. Не претерувајте со кафето, но сепак имајте го при рака.

3. Имајте пишан план и не работете две работи истовремено

Вашиот мозок не може да се фокусира на повеќе работи истовремено. Работењето повеќе работи истовремено кои ментално ве исцрпуваат само ќе резултира со куп започнати, но недовршени работи и со нервоза и губење мотивација. Имајте пишан план кој е пожелно да го изготвите една вечер порано. Може да користите некоја кул апликација која ќе ви помогне да се фокусирате на вашите цели и да останете продуктивни.

4. Затворете ги сите прозорци што не ви се потребни

Да, тоа прозорче од Фејсбук на вашиот екран и тоа другото за дневен хороскоп. Не ви требаат и не можете да останете фокусирани на вашите обврски ако постојано ве „ѕиркаат“ разни примамливи содржини крадејќи ја вашата концентрација. Не отворајте 20 прозорци истовремено туку научете пред себе да го имате стриктно само она што ви е потребно. Исто, исклучете го звукот на телефонот. Тешко ќе биде да го искористите вашиот потенцијал максимално ако телефонот упорно ви ѕвони.

5. Дефинирајте го вашето работно време

Дефинирајте кога започнува вашето време, кога имате пауза и кога завршува. Пробајте да се однесувате како до вас постојано да е вашиот невидлив шеф кој гледа дали работите или „забушавате“. За време на паузата може да јадете, да проверите мејл или да одговорите на приватните телефонски повици.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар