Како да бидете поприсутни во својот живот?
Има безброј придобивки од тоа да се биде „активно присутен“ во вашиот живот, односно да се обрнува внимание на светот околу вас, како на пример, намалување на стресот, зголемување на продуктивноста, поквалитетни врски, односи и комуникација. Но, понекогаш тоа што е едноставно може да биде многу тешко во пракса. Во тој контекст, прочитајте ги следниве 5 совети како да живеете во сегашноста и никогаш повеќе да не ги губите моментите.
1. Правете ги работите по ред, една по една
Во теорија, мултитаскингот е фантастичен, но во праксата тоа обично значи дека вниманието ви е поделено на многу работи и на ниту една од нив не се задржува доволно. Истражувачите од Универзитетот Стенфорд по низа студии откриле дека луѓето кои прават повеќе работи истовремено не обрнуваат толку внимание, не ја контролираат својата меморија и се преместуваат од една работа во друга за разлика од оние кои преферираат да ги завршуваат своите обврски една по една.
2. Користете ги сите свои сетила
Ова можеби ќе ви звучи малку модернистичко, но следниот пат кога ќе јадете, немојте само да ја вкусите храната, туку обидете се и да забележите како изгледа и како мириса пред да ја изедете. Ова ви дозволува да бидете целосно посветени на тоа што го правите во моментот и е еден нов, интересен начин да ѝ пристапите на храната.
3. Поминете 5 минути од денот не правејќи ништо
Барем 5. Доколку можете да си дозволите и 10, уште подобро. Вежбањето свесност е одличен начин да бидете присутни во моментот. Ќе се фокусирате само на дишењето и нема да се грижите за ништо друго. Ова е фантастична можност да се опуштите.
4. Оформете вистински врски
Обидете се да не комуницирате само преку социјалните мрежи, туку и да остварите директен контакт. Гледајте во очите кога разговарате со другите луѓе. Доколку живеете со своето семејство или своите пријатели и сакани, прашајте ги како го поминале својот ден. Лесно е и ќе се чувствувате исполнето и весело без некоја посебна причина.
5. Контролирајте го користењето на технологијата
Модерниот свет е преполн со секакви информации кои ве тераат да го проверувате својот телефон на секој половина час. Но, тоа не мора да биде така. Одредете конкретно време во кое ќе го проверувате телефонот, на пример секоја ноќ, веднаш пред вечерата. И обидете се остатокот од вечерта да го поминете без да ги користите вашите електронски апарати како таблетот, компјутерот, телефонот… Со нивното ограничено користење навечер, ќе станете многу поефикасни во извршувањето на задачите и обврските и ќе научите да ги цените активностите кои ви се случуваат во моментот.