Како да бидете поинтересна личност? - Part 2

Како да бидете поинтересна личност?

Постојано бидете зафатени

Како да бидете поинтересна личност

Интересната личност има многу нешта за кажување. Но, покрај едукацијата постои уште еден начин да станете добар говорник, а тоа е да создадете свои приказни од многуте нешта кои ги правите. Ова може да се постигне доколку сте постојано со нешто зафатени. Размислете малку, дали некој може да биде интересен доколку цел ден лежи на кауч и постојано ги гледа истите филмови и серии? Токму затоа поминувајте повеќе време со најблиските, излегувајте од дома, шетајте. Ако имате можност, направете си мала авантура и прошетајте ја државата. Така сигурно ќе имате многу материјал за раскажување.

Бидете позитивни

Како да бидете поинтересна личност

Интересните личности се секогаш среќни и оптимистични. Ова е главната причина зошто и другите луѓе ги перципираат како интересни, тие едноставно сакаат да знаат зошто и како се толку весели. Размислете малку, никој не сака постојано да биде во друштво на негативни и несреќни луѓе. Постои само еден начин да се остане позитивен, а тоа е да го убедите вашиот мозок секогаш да мисли дека чашата е половина полна наместо половина празна. Ако сте позитивни, тоа не само што ве прави поинтересна личност, туку има добар ефект и врз другите области од вашиот живот.

Излезете од својата удобна зона

Како да бидете поинтересна личност

Ако нешто не укажува на интересна личност, тогаш тоа е „играњето безбедно“. Интересната личност без проблем излегува надвор од својата удобна зона и се обидува да пробува и искусува нови нешта. На овој начин вие откривате нови работи и истовремено учите како полесно да се соочувате со новите и неочекувани промени во вашиот живот.

Имајте уникатно чувство за стил

Како да бидете поинтересна личност

Кога станува збор за интересна личност, не е важно само она што е внатре, туку и она што е надвор. Многу луѓе имаат тенденција да проценат дали сте интересна личност само преку тоа како вие изгледате. Токму поради тоа многу е важно да имате добро чувство за стил. Не го копирајте вашиот изглед од познатите, списанијата или пак од другите луѓе и обидете се сами да го пронајдете вашиот стил. Доколку изгледате уникатно, ќе привлечете многу повеќе погледи и внимание и со тоа ќе си ја олесните вашата „работа“ како интересна личност.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Mya Reply

    Многу ми се интересни статии во кои им се кажува на луѓето што и како да прават, а притоа еден од „советите“ е: БИДЕТЕ СВОИ!

    • CECE Reply

      istoto sakav da go napisam Mya 😀

Остави коментар