Како да бидете најдобри пријателки со вашата свекрва?
Добивањето признание од мајката на сопругот е можеби најголемиот предизвик со кој се соочуваат девојките што стапуваат во брак. Па, како да го добиете нејзиното признание? Овие 6 совети не само што ќе ви помогнат во тоа, туку ќе ви помогнат ѝ да станете најдобрата пријателка на вашата свекрва.
1. Побарајте совет од неа
Покажете ѝ на вашата свекрва дека ја почитувате и дека го цените нејзиното мислење со тоа што ќе побарате некој совет од неа. Прашајте ја за некој рецепт, или за бојата на дневната соба и сè друго за кое би сакале помош. Таа навистина ќе го цени тоа што сте побарале помош од неа.
2. Јавете ѝ се само за да ја слушните
Кога сте се омажиле со нејзиниот син, таа прифатила дека го „изгубила“ поради вас. Кога ќе ѝ се јавите и ќе ѝ покажете дека сакате да изградите некаква врска со неа, тоа навистина ќе ѝ помогне да се справи со промените во нејзиниот живот. Наместо да мисли дека го изгубила синот, ќе биде многу подобро да мисли дека всушност сега има нова ќерка.
3. Посетувајте ја
Одлично е да ѝ се јавите, но уште подобро е ако отидете да ја посетите. Посетата ѝ покажува дека ви недостига и дека ја сметате за семејство. На вашата свекрва ќе ѝ биде многу полесно да ве сака кога ќе се обидете да ја вклучите во новото семејство. Особено кога ќе имате деца, таа навистина ќе сака да биде дел од нивниот живот. Ако се навикнете да ја посетувате на почетокот, ќе ви биде многу полесно да ги носите вашите деца почесто да ја посетат нивната баба.
4. Поврзете се со неа
Дури и ако мислите дека немате ништо заедничко, таа сепак го одгледала вашиот сопруг. Таа исто така е свесна за сите негови досадни навики (како оставање на чорапите во дневната или ставање на празното пакување млеко во фрижидерот). Кажете некоја едноставна шега за неговите интересни недостатоци и навики. Кога вашата свекрва ќе сфати дека може да се шегува со вас, таа ќе се чувствува многу поудобно во вашето друштво.
5. Немојте да се натпреварувате со неа
Дајте ѝ време да биде сама со својот син без вие да ѕиркате наоколу. Ова може да звучи чудно, но многу е нормално свекрвите да почнат да се натпреваруваат со нивните снаи. Ако таа сака да му го направи омиленото јадење на нејзиниот син, немојте да се натпреварувате со тоа. Кога ќе сфати дека нема потреба да се натпреварува со вас, таа ќе настојува и вие секогаш да бидете во близина.
6. Заблагодарете ѝ се
Оваа жена, без разлика како се чувствувате за неа, го изгледала мажот од вашите соништа. Дури и ако не се согласувате за многу работи, таа сигурно има направено нешто добро, нели? Заблагодарете ѝ се што го научила вашиот сопруг да биде добар маж, маж со кој сакате да создадете семејство.
Вашата свекрва само сака да биде дел од вашиот живот. Правејќи ги овие работи вие ќе ѝ покажете дека сакате да ја вклучите и дека сакате да бидете дел од нејзиниот живот. Ако сè се одвива како што треба, не само што ќе стекнете нов пријател, туку ќе имате и уште една мајка. И вашите деца ќе ви бидат благодарни ако ја имаат нивната баба во нивниот живот.
Погледнете ги и 5-те работи кои никако не смеете да ѝ ги кажете на свекрвата.