Како да бидете личноста која сите ја почитуваат?
Не постои човек на планетава Земја кого буквално цел свет го сака. Дури и најкултурните, најталентираните и најубавите холивудски ѕвезди има некој што не ги сака. Зошто тогаш да си ја заморувате главата со луѓе кои некогаш биле, некој мал незначаен дел од вашиот живот? Не им се допаѓате? Во ред. И во вашиот живот сигурно имате некој кој не ви се допаѓа, но најбитно од сè е да ве сакаат оние луѓе, кои и вие ги сакате. А доколку ги сакате, треба и да им го давате тоа на знаење, и тоа не еднаш годишно, туку постојано. Применувајте што е можно повеќе од следниве совети и ќе бидете на вистинскиот пат да бидете личноста која сите ја сакаат и почитуваат.
- Бидете вистински заинтересирани за животот на другите луѓе.
- Бидете насмеани што е можно почесто.
- Имајте на ум дека името на секој човек, му претставува најмилозвучниот збор во македонскиот јазик. Па, обраќајте им се на луѓето лично, со нивното име. Ќе им се допадне тоа.
- Бидете добар слушател. Охрабрете ги другите луѓе да зборуваат за себеси.
- Направете луѓето да се чувствуваат дека вредат и правете го тоа искрено и од душа.
- Зборувајте во границите на интересите на личноста со која разговарате.
- Единствениот начин да го извлечете најдоброто од некоја кавга, е да ја избегнете.
- Покажете почит спрема ставовите и размислувањата на личноста со која разговарате. Никогаш не велете „грешка си“.
- Ако сметате дека вие сте погрешиле, признајте го тоа веднаш, пред личноста да има време да ви се налути.
- Бидете пријателски настроени.
- Презентирајте ги вашите идеи на подраматичен начин, за да ги испровоцирате луѓето со задоволство да ги прифатат.
- Не нервирајте се ако некој ваш пријател смета дека одличната идеја била негова.
- Дозволете им на другите луѓе да зборуваат колку што им душа сака.
- Обидете се искрено да ги погледнете работите низ „туѓи“ очи.
- Бидете сочувствени со идеите и желбите на другите луѓе.
- Мотивите секогаш треба да ви бидат чесни. Никој не почитува нефер играч.
- Кога сакате на некој да му посочите дека прави грешка, правете го тоа индиректно.
- Зборувајте за вашите сопствени грешки, пред да почнете да ја критикувате личноста која е пред вас.
- Пофалете ги луѓето и покажете им искрена почит за она што го прават во нивните животи.
- Поставувајте прашања наместо да давате директни наредби. Секој си знае најдобро како му е.
- Дозволете им на луѓето да ја зачуваат сопствената репутација.
- Дадете му значење и на најмалиот успех кој го постигнала личноста која стои пред вас.
- Охрабрувајте ги луѓето. Убедете ги дека лесно ќе можат да ја поправат грешката која ја направиле.
- Усреќете ги луѓето, дозволувајќи им да го направат она кое вие сте им сугерирале да го сторат.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
има разлика ова значи добар човек.а најчесто добрите ги газат 🙂
Razocaran sum od ovoj ,kako da kazam, kodeks na odnesuvanje i pravenje milostina na drugite za da ne sakaat i pridobivanje ljubov na FAKE nacin.
mnogu loso