Како да бидете личноста која сакате да бидете?
Верувате ли воопшто дека човек може да се промени? Веројатно и да не верувате, потајно се надевате штом прашањето во насловот ви го привлече вниманието. Ние веруваме дека е возможно, но и дека многу зависи од личната мотивација и јачината на желбата тоа да се случи.
1. Сфатете што ве вади од такт
Првиот чекор кон постанувањето личност каква што сакате да бидете е да си одговорите на прашањето: „Што е она што ме вади од такт?“ Дали е тоа нечие однесување, непочитување, безобразие? Дали работите дома не се одвиваат како што би сакале? Дали колегите на работа ви одвраќаат на вашите зборови? Или пак, нема некоја посебна причина за тоа?Бидете искрени. Ако знаете што ве вади од такт ќе можете подобро да се подготвите за идните такви случки пред да се случат.
Поседувајте ја ситуацијата. Скоро во секоја ситуација можете да се запрашете: „Што можев јас да направам?“ Обвинувајќи ги домашните или колегите нема да ви помогне да ја совладате ситуацијата, туку само ќе ви ја намали моќта и самодовербата. Имајте контрола во ситуацијата и поседувајте ја во свои раце најдобро што можете.
2. Соодветно поставете си ги очекувањата
Една од причините поради која се вознемируваме и лутиме е бидејќи не сме го очекувале тоа што се случило. Ако сте постојано вознемирени од своите колеги, размислете, тие се само луѓе кои сакаат да си ја работат работата исто како и вие. Можеби очекувате премногу од нив.
Сменете си ја перспективата. Почнете да го очекувате соодветното. Запрашајте се: „Што мислев дека ќе направат колегите или како мислев дека ќе се постават домашните во конкретната ситуација?“
Секогаш запрашувајте се искрено и реално што е она што го очекувавте. Кога вашите очекувања ќе се остварат, разликата помеѓу она што сте мислеле дека ќе се случи и она што всушност се случило ќе се изгуби. Тоа пак не значи дека секогаш ќе ви се допаѓа она што се случува. Но, бидете реални за она што се случува во моментот.
3. Планирајте однапред
Кога веќе сте сфатиле кои се нештата што ве вадат од такт, почнете да планирате како ќе се справите со нив кога ќе се случат повторно.
Замислете си, работите тивко на вашето работно биро и влегува вашиот шеф за да ви каже дека проектот на кој работевте последните 2 месеци се прекинува. Што ќе направите? Ако не ви се допаѓа начинот на кој сте се поставиле во слична ваква ситуација во минатото, едноставно заборавете на тоа и размислувајте за нови идеи. Размислете за тоа што би рекле или ако не знаете што би кажале, планирајте ја вашата реакција со тишина. Многу полесно се добиваат добри идеи кога сме смирени и кога стимулаторот на нашата нервоза не ни е вперен во фацата.
4. Разлика помеѓу реагирање и одговарање
Реагирање е првата работа што ни паѓа на памет да ја направиме во дадена ситуација. Ова обично не е добро, ве прави да се чувствувате лошо и да се каете подоцна. Голема е веројатноста дека вашата првична реакција ќе ги направи и другите луѓе околу вас да се чувствуваат непријатно, глупаво или заплашено, без разлика дали тоа била вашата намера или не.
Не е лошо да имате првична реакција, но важно е што правите со неа. Можете да и се препуштите или пак свесно да ја потиснете за да изберете некое поконструктивно решение.
Одговарањето е подобра опција. Ако си дадете време да размислите што да направите во дадена ситуација, ќе бидете поподготвени соодветно да одговорите.
Генерално одговарањето е подобар пристап од реагирањето. Одговарањето ви овозможува да си поставите временска дистанца од стимулаторот на вашата нервоза до вашето решавање на таа ситуација. Колку повеќе време си дадете помеѓу овие две работи, толку поголеми се шансите дека ќе одговорите соодветно за сите да си заминат од ситуацијата среќни и задоволни, вклучително и вие.
5. Како одговарате?
Потребна е дистанца, и тоа не само временска, туку и физичка. Понекогаш мора да избегаме од ситуацијата за да си ја изладиме главата или за да не кажеме нешто за што ќе зажалиме во иднина. Искористете го ова време за да ги сфатите намерите на личноста, што всушност таа мислела со тоа што го кажала или направила. Па дури и ако оваа ситуација е вредна за битка, понекогаш самите луѓе не се.
Ставете се во улога на другиот. Размислете како би сакале да се однесуваат со вас во таква ситуација. Би сакале ли да ви викаат, да ве омаловажуваат и да не ве почитуваат? Веројатно не. Па, сигурно тоа важи и за личноста на која треба да и одговорите, без разлика на нејзината возраст.
Внимавајте на вашиот тон. Често ги навредуваме луѓето не со тоа што го кажуваме туку со начинот на кој го правиме тоа. Оставете ја ситуацијата во минатото кога веќе сте се справиле со неа. Нема поента да се тегавите размислувајќи за некаква казна или да го покажувате вашето налутено лице со денови. Справете се со проблемите. Решете ги најбрзо и пријателски за да можете да продолжите понатаму. Направете нешто фино за другата личност за да покажете дека не сте лути. Ова ќе направи двајцата да се чувствувате добро.
И со сите овие умствени подготовки, повторно не значи дека никогаш нема да ја оплескате работата. Ќе се случуваат и такви ситуации. Не можете сосема да се смените преку ноќ. Сигурно ќе оплескате многу пати додека да ја почувствувате промената кај себе, но притоа важно е како ќе се носите со оплескувањата.
6. Извинете се
Никој не е совршен, но ако ги прифаќате вашите грешки и се обидувате да ги поправите, сите околу вас ќе се чувствуваат подобро.Имате избор да одлучите како ќе реагирате или одговорите. Не е оправдување ако сте избувливи луѓе со слабо трпение. Контролирајте се и ако навистина сакате да се смените, верувајте дека тоа е возможно. Однесувајте се со луѓето како што заслужуваат и избирајте да одговарате во ситуациите, а не да реагирате.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Jas imam golema pocit sprema lujgeto,ni bez pricina ni so pricina ne gi navreduvam so svoite dela nitu so svoite postapki mrazam glumenje koga se dopisuvate so taa edna licnost ve navreduva,a koga e istata taa licnost vo drustvo pred drugite se najdobro i se najubavo vi kazuva za vas i vi otvara temi i od drugi oblasti za da ostanete uste da razgovarate so nea saka so temite da ve zanese saka da go zadrzi kon nea vaseto vnimanie,i nekoi raboti kaj mnogumina licnosti sto ne ni se dopagaat treba da im gi ukazeme za da se promenat i dvete strani da funkcioniraat podobro ama ako licnosta pak prodolzuva da pravi kako sto saka za site raboti samo kako sto saka taa treba da i zamerime:(:(:(:(:(