Како да бидете 100% здрави?
Ве мрзи да го посетите фитнес центарот? Доста ви е од безброј диети кои не даваат никакви резултати? Дури и ако потврдно одговарате на овие прашања и на неколку други кои претставуваат основа на зачувување на вашето добро здравје и одржување на вашата физичка кондиција, сепак не е сѐ изгубено. Тоа е така бидејќи доволно е да внесете неколку мали промени во вашиот живот кои не бараат вложување голем напор и вашата кондиција, енергија и елан значително ќе се подобрат. Еве што треба да сторите за да се чувствувате 100% здрави:
Спијте 15% подолго
Во просек, повеќето луѓе спијат по 7 часа дневно. Нека вашата цел биде да спиете 8 часа дневно. Во текот на сонот организмот ослободува лептин, хемиска материја која го контролира таложењето масни наслаги, со испраќање сигнали на ситост до вашиот мозок. Доколку, како последица на недоволно спиење, во вашиот организам се појави недостаток на лептин, неминовно ќе консумирате повеќе храна од потребно. Покрај тоа, тој час плус кој ќе го поминете во спиење нема само да ви помогне да ослабете или да ја задржите вашата телесна маса, туку и ќе ви го зајакне имунитетот.
Зголемете ја разновидноста на внесените состојки за 20%
Повеќето луѓе секојдневно внесуваат 10-15 разни хранливи состојки. Доколку сте едни од нив, имајте на ум дека со ваквата рутинска исхрана вие му ја скратувате можноста на организмот да внесе други значајни хранливи материи, кои ќе го подобрат вашето целокупно здравје. За да го избегнете ова, во вашата секојдневна исхрана вклучете повеќе видови храна. Консумирајте некои овошни и зеленчукови плодови кои поретко ги јадете или пробајте некој нов начин на приготвување на храната. Истражувањата покажуваат дека внесувањето разновидни хранливи материи во организмот, претставува најдобар услов за долг и здрав живот.
Смејте се за 5% повеќе
Кога искрено уживате во животот, почесто и се смеете, а притоа вашиот мозок произведува природни хормони, како што е серотонинот. Благодарение на него, вие имате повеќе енергија, подобро сте расположени и размислувате попозитивно. Воедно, серотонинот овозможува и поквалитетен сон, спречува појава на депресија и ја намалува анксиозноста.
Намалете ја консумацијата на сол за 30%
Внесувањето преголеми количини сол во организмот предизвикува задржување на течностите во ткивата и покачување на крвниот притисок, што го зголемува ризикот од мозочен и срцев удар. Медицинските експерти и нутриционисти препорачуваат на дневна база да се внесува максимум 6 грама сол, и покрај тоа што повеќето од нас консумираат многу повеќе од тоа. Готовата храна, преливите, житарките и грицките обично содржат најголеми количества сол. Поради тоа, потребни е да го редуцирате внесувањето на овие состојки и повнимателно да го проверувате нивниот состав.
Правете за 6% повеќе пауза во текот на работниот ден
Тоа во превод значи 3 десетминутни паузи во текот на работниот ден (покрај паузата за ручек). Одвојувањето од канцеларискиот стол, односно од компјутерскиот екран, не го смалува само ризикот од чувство на замор во очите, туку ги одмора и вашите раце, зглобови, рамена, а вашиот грб ќе ви биде благодарен поради тоа што сте направиле некое движење плус.
Зајакнете ја мускулатурата за 7%
Заборавете на вашата домашна справа од која немате никакви резултати и посветете се на некоја подинамична физичка активност како што е џогингот или аеробикот. Со само 1-2 тренинга неделно ќе го зајакнете вашето тело за 5-10%. Освен тоа, ќе почнат да ви се зајакнуваат и оформуваат мускулите, а воедно ќе трошите и многу калории. Тоа значи дека ќе се ослободите од масните ткива и кога ќе седите и кога ќе спиете.
Намалете ја големината на вашата порција за 15%
Подобрете го вашето здравје, притоа не напуштајќи ги вашите стари навики. Истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе јадат повеќе храна кога во чинијата имаат ставено повеќе храна. На долг рок, внесувањето повеќе калории од онолку колку што објективно му е потребно на вашиот организам, го зголемува ризикот од појава на дијабетес тип 2, канцер и срцеви болести. За да ги спречите ваквите евентуални здравствени проблеми, ставајте за 15% помалку храна во чинијата, од вообичаено.
Уживајте во сексот за 2% повеќе
Три или повеќе сексуални односи неделно, можат да го намалат ризикот од срцеви и мозочни удари за 50%, тврдат научниците. Затоа, ве советуваме да проведувате 30 минути дневно (што е околу 2% од времето во едно деноноќие) во искажување љубов кон вашиот партнер.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.