Како да бидеме влијателни во својата средина?

Како да бидеме влијателни во својата средина?

Сакате да бидете влијателни или пак да го измерите степенот на вашето или туѓото влијание? Еве 4 работи кои претходно треба да ги знаете во врска со влијанието.

1. Влијанието е едноставно, но токму поради тоа е и сложено

Како да бидеме влијателни во својата средина?Наједноставно кажано, влијанието е способност да направите работите да се случуваат. Но, кои работи, за кого и за колку време? Некои луѓе влијаат со своите идеи, други со конкретни акции и дела. Од нив, некои влијаат со крупни дела, други со помалку значајни. Некои траат само еден момент, а други во текот на еден цел човечки живот.

2. Влијанието е контекстуално

Еве еден пример за да се опише поврзувањето во даден контекст: некој ќе напише и објави пост на веб. Друг, ќе пушти порака преку Твитер за него. Трет ќе ја види пораката, ќе го прочита постот и ќе напише коментар. Независно од сето ова, некој друг ќе наиде на постот самостојно и ќе го послуша советот поставен во коментарот кој може да има позитивно влијание врз многу други луѓе.

Како да бидеме влијателни во својата средина?Секоја личност преземала акција. Секоја акција имала ефект. Но, која акција е најважна и кој имал најголемо влијание?

Не е едноставно, нели?

Влијанието зависи од ситуацијата и она за што ви е грижа. Дали е тоа причината (идејата) или ефектот (акцијата, резултатот)? Или пак двете работи заедно? Без разлика дали сакаме да бидеме способни за влијаење или пак да го измериме туѓото влијание, треба да разбереме кој тип на влијание е важен и зошто?

3. Влијанието е производ на досегање и авторитет

Како да бидеме влијателни во својата средина?За да влијаете на делата на другите луѓе, треба да имате пристап до нив, а тие треба да ве разбираат за да можете да имате некое ниво на авторитет врз самите нив или врз некое стручно поле кое тие го сметаат за важно.

Популарноста помага во пристапувањето. Колку сте попопуларни, толку поголем досег ќе имате, а со тоа и поголема веројатност за влијаење. Но, популарноста не го гарантира влијанието, само отвора повеќе врати. Плус е краткотрајно.

Авторитетот исто така не гарантира влијание, иако оваа зависност е доста посилна. Без оглед дали е доделен или заслужен со тек на време, авторитетот има моќ да го засилува влијанието. Авторитетот дава моќ.

Но, и ова е краткотрајно. Заслужениот авторитет кој се постигнува преку повторувани интеракции, трае долго колку неговата целокупност и релевантност. Доделениот авторитет, како оној кој го добиваат менаџерите на пример, често трае колку што трае именуваната позиција.

Влијанието бара и досег и авторитет до различен степен. Фокусирањето на едното или на другото ќе ви даде половични резултати. На двете нешта им е потребно внимание и постојано одржување.

4. Влијанието е претежно невидливо

Како да бидеме влијателни во својата средина?Гледате причина и гледате ефект. Но, она што не можете да го видите е всушност каде влијанието точно се случува. Не можете да погледнете во главата на секоја индивидуа за да сфатите дали и колку овие две работи се поврзани, бидејќи тоа се случува во некој заден канал: преку инстант пораки, директни пораки, имејл…  во живо, за време на состаноците, за време на оброците…

Затоа, она што можеме да го видиме добива толку многу внимание и затоа ни е важно тоа да можеме да го измериме. Но разберете, на секоја една личност која свесно го изложува своето влијание, постојат исто толку или повеќе кои го прикриваат. Но, тешко е да се одреди кои се вистинските луѓе кои влијаат.

Сепак, влијанието е нешто што можеме само да го претпоставиме врз основа на она што го гледаме. Но, тоа е како да фрлите чаршав врз невидлив човек обидувајќи се да го видите она што не може да биде видено.

Дали и вие го гледате истото? Дали сте влијателни или пак сте луѓе на кои им е лесно да се влијае? Од што зависи влијанието во вашиот случај? Би сакале ли да биде поинаку?



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар