Како брзо да се ослободите од линиите од сончање?

Како брзо да се ослободите од линиите од сончање?

Сигурни сме дека внимателно ја нанесувате кремата за сончање. Но, на плажа се заспива многу често, па така можете да се разбудите со непосакуван дезен на вашата кожа. За среќа, има начин како да се ослободите од линиите предизвикани од сончањето.

1. Пилинг

Како брзо да се ослободите од линиите од сончање?

На овој начин всушност го отстранувате горниот слој од кожата за да започне процесот на избелување. Доколку сте изгорени, почекајте неколку денови бидејќи во спротивно ќе чувствувате болка.

2. Сок од лимон

Како брзо да се ослободите од линиите од сончање?

Сокот од лимон е природен ексфолијант, но е многу понежен бидејќи не бара триење. Разредете го сокот со мед за да не ве гори премногу. Оставете ја смесата на проблематичните места 25 минути, па потоа исплакнете.

3. Краставица

Како брзо да се ослободите од линиите од сончање?

Постои причина зошто често гледате краставици на очите на луѓето – тие се полни со вода и витамин Ц, па ја хранат кожата. Ова е клучно за намалување на линиите од сончањето. Можете да наредите неколку парчиња краставица, или да направите пире од неа и да го нанесете на проблематичното место. Оставете да делува 20 минути.

4. Компир

Како брзо да се ослободите од линиите од сончање?

Компирите имаат многу вода, па затоа помагаат во лекувањето на изгорениците од сонце. Ако линиите повеќе наликуваат на изгореници, искористете компир. Исечете го на тенки парчиња и нанесете го на проблематичните места. Оставете да делува 15 минути и потоа отстранете го.

5. Лажен тен

Како брзо да се ослободите од линиите од сончање?

Ако ниеден од предложените начини не делува, останува да нанесете лажен тен на линиите со четка за шминкање. Оставете да делува во текот на вечерта, а потоа искористете нежен ексфолијант, како сок од лимон, за подобар изглед.

За да ги избегнете изгорениците, погледнете како правилно да ја нанесете кремата за сончање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар