Како босилекот да остане свеж подолго и за што да го употребувате?

Како босилекот да остане свеж подолго и за што да го употребувате?

Вкусен во тестенини и врз пица, босилекот им дава посебен вкус на безброј јадења. Но, често во рецептите пишува да се додадат само неколку ливчиња, па ви останува еден куп босилек, кој веројатно брзо ќе овене. Бидејќи не сакате да фрлате храна (и ја обожувате медитеранската кујна), ви предлагаме на кој начин да го чувате свежиот босилек за тој да остане зелен подолго.

Како да чувате свеж босилек?

Скратете ги стеблата босилек и ставете ги во тегла или чаша наполнета со вода. Ставете ја теглата на вашата работна маса во кујната (бонус: ова ќе направи просторијата да мириса неверојатно). Менувајте ја водата на секои неколку дена или кога ќе почне да избледува бојата на босилекот и чувајте го на собна температура (а не во фрижидер како што може да направите со коријандерот). Во суштина, третирајте го босилекот на ист начин како цвеќето. Користејќи го овој метод, вашиот „букет“ од босилек треба да трае една до две недели.

Дали босилекот може да се замрзне?

Да, можете целосно да го замрзнете босилекот. За да останат свежи и зелени неговите ливчиња, треба да ги избришете и да ги бланширате.

Еве како: ставете ги ливчињата во големо тенџере со солена вода што врие околу 15 секунди. Исцедете ги и потоа веднаш ставете ги во сад со мраз и вода. Кога ливчињата босилек ќе се исушат ќе се восхитувате на живописната боја.

Друг начин на зачувување на босилекот е да го иситните во сечко или во прехранбен процесор со малку маслиново масло, да ја истурите смесата во калапи за коцки мраз и да ги замрзнете. Овие мали вкусни коцки може да стојат до една година во фрижидерот.

Неколку начини на употреба на босилекот

Босилекот е одличен гарнир за пица, тестенини и потпечени лепчиња, но тоа не се единствените начини да уживате во ова ароматично растение. Ставете го во „гаспачо“ (мексиканско јадење со зеленчук), во смуди или ставете го врз ќофтиња. Или, зошто да не дозволите босилекот да биде „sвезда на шоуто“ во некој рецепт за „песто“ сос?

Здравствени придобивки од босилекот

Овој вкусен зачин врз вашата пица може да направи да не реагирате на стрес. Тоа е затоа што содржи големи количини на органското соединение наречено линалол. Во неколку неодамнешни студии се открило дека изложеноста на линалол ја намалува активноста на стотици гени кои вообичаено се активираат за време на стресни ситуации. Прилично интересно, нели? Па затоа, кога следниот пат ќе имате лош ден, не заборавајте да застанете и да помирисате „песто“ од босилек.

Ако сакате може да прочитате и рецепт за најубавиот домашен кечап кој некогаш сте го пробале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар