Како болката во забите го најавува проблемот со одреден внатрешен орган?

Како болката во забите го најавува проблемот со одреден внатрешен орган?

Дали сте знаеле дека и најмалите болки во забите може да бидат знак за проблем со некој внатрешен орган? Иако звучи неверојатно, постои силна врска меѓу состојбата на вашите заби и внатрешните органи.

Како болката во забите го најавува проблемот со одреден внатрешен орган?

На пример, горните и долните секачи се поврзани со бубрезите, мочниот меур и ушите, додека, пак, очниците се поврзани со состојбата на црниот дроб и жолчниот меур. Според експертите, предните катници ја покажуваат состојбата на белите дробови, но говорат многу и за состојбата на желудникот, слезината и панкреасот. Умниците се поврзани со срцето и тенкото црево.

Меѓутоа, тоа не значи дека сите оштетувања на органите се поврзани со состојбата на забите. Во многу случаи, пациентот чувствува болка во пределите околу здравите заби, а понекогаш болката може да се почувствува и на места од каде што забите одамна се извадени. Во вакви случаи, болката се нарекува фантомска и се јавува како резултат од пораката што ја испраќа болниот орган до соодветниот заб.

Врската меѓу забите и органите

Како болката во забите го најавува проблемот со одреден внатрешен орган?

  • Болката во горните и долните секачи е знак за воспаление на мочниот меур, воспаление на увото, циститис и пиелонефритис (воспаление на бубрезите).
  • Болките во првиот секач сигнализира ангина или воспаление на простатата.
  • Ако имате хронични болки во очникот, можеби станува збор за воспаление на жолчниот меур или хепатитис.
  • Во случај на болки во преткатникот, причината може да биде колитис, алергиски реакции, воспаление на белите дробови или нерамнотежа на корисните бактерии.
  • Ако имате болки во четвртиот заб (горниот и долниот) веројатно имате проблеми како што се болки во коленото, лактите, рамената, болест на дебелото црево или некое воспаление, како на пример артритис.
  • Што се однесува до болките во катниците, причините може да лежат во желудникот, хроничниот панкреатит, анемија или хроничен гастритис.
  • Болките во долните шестки обично се поврзани со проблеми со вените, атеросклероза и проблеми со артериите.
  • Болките во горните шестки честопати се поврзани со воспаление на јајниците, слезината и синусите.
  • Ако болката е присутна во долните катници, голема е веројатноста дека страдате од проширени вени или имате проблеми со белите дробови како што се бронхијална астма и бронхитис.
  • Болката во умниците е прилично проблематична, бидејќи тие заби се поврзани со срцевите заболувања, вродените мани и коронарните болести на срцето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар