Како близначките души се лекуваат едни со други?

Како близначките души се лекуваат едни со други?

Кога ќе забележите дека вашата близначка душа е драматична, раздразлива, досадна, зависна, премногу чувствителна или исплашена, гледајте го тоа како огледало. Во овие ситуации вашата близначка душа рефлектира невидлив дел од вас.

Како сродните души се лекуваат едни со други?

Близначките души се сакаат толку многу што нивните енергии рефлектираат сè што се наоѓа внатре во нив. Вашата близначка душа ќе ви покаже нешто што сте, нешто што сте биле или нешто што сте заборавиле за себе, а треба да го видите. Едноставно погледнете ги нејзините желби, верувања и што сака да ви каже. Ова се всушност ваши желби и верувања рефлектирани кон вас.

Близначката душа ве носи на духовно патување коешто не може да ви го приреди никој друг. Вашиот партнер ви покажува нешта кои потекнуваат од најдлабоката љубов и ве води до вашиот извор рефлектирајќи сè во врска со вас. Енергиите помеѓу близначките души ја преземаат контролата за да ви покажат кои сте или што ви е потребно за трансформација.

Некои нешта се длабоко скриени или заборавени. Поради ова, слушајте ја вашата близначка душа. Ако сте искрени со себе, ова е највисоко ниво на љубов што може да го искуси кој било. Вашата близначка душа ќе ви ги покаже убавите, но и лошите работи во вас. Уште пред да се родите, вие сте се согласиле да се лекувате еден со друг со рефлексија на душата и егото.

Ако женската близначка душа не може да избега поради нејзините стравови, не може да замине ни машката. Ако близначката душа е опседната со зависност или некоја тема во нејзиниот живот, голема е веројатноста и машката близначка душа да ги покажува истите знаци. Ако тој го забележи ова и донесе одлука да направи промена, истото ќе се случи и со женската близначка душа.

Па, ако двете близначки души се свесни за нивното партнерство, тие ќе можат да се лекуваат со рефлектирање на зависноста, драмата, стравот или кое било однесување. Кога едниот ќе се ослободи од овој начин на однесување, тогаш и другиот може да го направи тоа. Воглавно ова не би се случило во никоја нормална врска или партнерство.

Ако забележите дека партнерот страда од што било (депресија, драма, зависност, болест и слично) тогаш видете ја рефлексија во вас и донесете одлука да се лекувате самите, а со тоа и партнерот. Потребна е љубов кон себе за да ги забележите овие однесувања, а љубовта на двајцата за да се излекувате.

Трансформацијата се случува за секунди, а рефлексијата и знаењето се сè што ви е потребно. Поради ова врските помеѓу близначките души се највисоката форма на трансформација што може да се случи. Посветувањето на врската е всушност посветување на себе.

Бегањето или избегнувањето е исто како да бегате од личноста којашто сте. Ако партнерот страда и не го забележувате тоа, тогаш не го забележувате ни вашето страдање. Можеби сте гневни на себе или се преправате дека сте личност којашто не сте. Дали таа личност е чувствителна или ја крие нејзината слабост?

Близначките души си проектираат љубов и светлина едни на други. На крајот вашата близначка душа ќе ве натера да се прифатите и да се запознаете со вашето вистинско јас, а не со вашето его. Колку повеќе бегате од заедничките проблеми, толку повеќе бегате од себе. Не постои подлабока љубов од онаа помеѓу вам и близначката душа која целосно ве рефлектира.

Погледнете кои се 2-те космички врски што ќе ги остварите во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар