Како би изгледале состанувањето и врските во иднината? - Part 2

Како би изгледале состанувањето и врските во иднината?

5. Компјутерски генерирано состанување

(5)kako-bi-izgledale-vrskite-i-sostanuvanjeto-vo-idnina-kafepauza.mk

Денес постојат навистина многу веб-сајтови за состанување. Сè што треба да направите е да пополните формулар и да почнете да го барате потенцијалниот партнер. Процедурата не е тешка, но не е ни премногу лична. Во иднина, можеби ќе постојат програми кои ќе ги анализираат вашите фотографии, па дури и луѓето со кои се дружите со цел да ви дадат листа од совршени кандидати за вас. Некои експерти предвидуваат дека дури 50% од врските ќе започнуваат онлајн.

6. Изнајмување семејство

(6)kako-bi-izgledale-vrskite-i-sostanuvanjeto-vo-idnina-kafepauza.mk

Иако звучи навистина чудно, ова сценарио веќе е реалност во Јапонија. Сингл мажите од Јапонија можат да изнајмат сопруга, или пак цело семејство на одреден период. Можат дури да изнајмат и пријател. И покрај високата цена на оваа служба, повеќето „семејства“ се веќе закажани. Мажите го прават ова за да искусат нешто ново, како играње во парк со децата, но и за да се чувствуваат помалку осамено. Замислете колку би се прославило ова во иднината. Луѓето ќе можат да изнајмуваат пријатели, роднини и партнери кои ќе глумат совршен живот со нив.

7. ДНК спојување

(7)kako-bi-izgledale-vrskite-i-sostanuvanjeto-vo-idnina-kafepauza.mk

Во иднината медицината ќе има голема улога во планирањето на семејството и врските. Не само што луѓето ќе можат да одбираат разни донори на сперма, туку ќе имаат целосен пристап до медицинскиот картон на некоја личност. Ако одите на најобичен состанок, ќе можете да видите дали потенцијалниот партнер имал некоја болест. Медицинските експерти ќе можат да ви помогнат да го пронајдете совршениот партнер со ДНК анализа. Денес ова би се сметало за кршење на човековите права, но во иднина кој знае.

8. Врска со вештачка интелигенција

(8)kako-bi-izgledale-vrskite-i-sostanuvanjeto-vo-idnina-kafepauza.mk

Филмот „Таа“ (Her) многу добро го опишува светот каде што интелигентните оперативни системи можат да ја исполнат секоја наша желба. Луѓето ќе ги користат за состанување, или пак како пријател кој ги знае сите нивни потреби. Ова всушност може да се случи многу брзо. Некои луѓе се сингл со причина – проблеми со здравјето, некое ограничување, недостаток од самодоверба или пак едноставно страв. Па, интелигентните оперативни системи би им биле одлично друштво.

9. Живот со силиконски кукли и роботи

(9)kako-bi-izgledale-vrskite-i-sostanuvanjeto-vo-idnina-kafepauza.mk

Постојат многу сингл луѓе кои се разочарани од љубовниот живот и не сакаат повторно да минуваат низ истото. Овие луѓе преферираат да се скријат во нивниот измислен свет и да живеат со силиконска кукла. Всушност, ова веќе се случува во Јапонија. Експертите сметаат дека за помалку од 50 години, луѓето ќе се вљубуваат и ќе живеат со роботи. Покрај тоа, уште сега се работи на првиот робот со чувства, па и ова сценарио можеме да го очекуваме наскоро. Некои луѓе дури сметаат дека сингл луѓето повеќе ќе сакаат да бидат во врска со робот отколку со вистински човек. Од друга страна, луѓето лесно се вљубуваат во измислени ликови или славни личности кои не ги ни познаваат, па не е ни чудно истото да се случи и со роботите.

Дали знаете како модерната технологија ја менува љубовта?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар