Како безболно да ја изгубите невиноста и да уживате во првото сексуално искуство?
Губењето на невиноста е една од најважните настани во животот на секоја девојка. Вистина е дека првиот сексуален однос може да боли, но постојат некои работи кои ќе ви помогнат сепак сè да помине во најдобар ред.
За жал, не постои универзален рецепт, бидејќи првото сексуално искуство секој го доживува на различен начин. Но, основното нешто што секоја девојка мора да го знае за да се чувствува добро е дека го прави тоа со вистинскиот партнер, а не со кого било.
Иако првиот пат најчесто не е физички пријатен за девојките, бидејќи се чувствува блага болка при пенетрацијата, низ овие совети ќе си овозможите пријатни сеќавања за тоа искуство.
1. Емотивна зрелост
Една од најважните работи пред да се одлучите на тој чекор е да бидете емотивно зрели, а тоа доаѓа со годините. Затоа, ова не е нешто со што треба да се избрзува.
2. Истражете го своето тело
Што подобро го познавате своето тело, толку полесно ќе можете да му кажете и покажете на партнерот што ви годи, а што не. Со други зборови, немојте да се плашите да си го истражите телото и да ја изучите сопствената анатомија. За ова може од корист да ви биде едно огледалце, бидејќи само на тој начин можете да видите како всушност изгледа вашиот полов орган. Можеби ви звучи чудно и глупаво, но ова е еден од најдобрите начини за самозапознавње со своето тело.
3. Договорете се да одите полека
Можеби мислите дека ова е како отстранување фластер – ќе го тргнам брзо, ќе преживеам, па после ќе ми биде лесно. Но, ова е еден од ретките моменти кои засекогаш ќе ги паметите, па би требало да се потрудите да биде добар. Ова би требало да биде романтичен и емотивен настан, а вашиот партнер мора да биде свесен дека може да ве повреди со нагли потези и дека мора да навлегува нежно и бавно. Иако болката се разликува од девојка до девојка, сепак воглавно се работи за краткотрајна болка, па ова не треба премногу да ве загрижува.
4. Не плашете се од крвта
Ова е уште еден мит кој заразно се шири. Вистина е дека доаѓа до благо крварење при првата пенетрација, но не се работи за литри крв. Оваа мала количина сигурно нема никако да ви наштети.
5. Не заборавајте на заштитата
Можете да останете бремени секој пат кога имате односи во текот на плодните денови, па дури и ако е во прашање првиот пат. Тоа значи дека сите теории за тоа дека не ви е потребна заштита при првиот однос паѓаат во вода. За да не ви остане ова искуство како лошо сеќавање со лоши последици, бидете заштитени. Тоа е уште еден фактор кој ќе ви помогне да се опуштите бидејќи ќе знаете дека сте безбедни.
6. Не експериментирајте со пози
Првиот пат би требало да биде нормален, значи без претерани експерименти, бидејќи така може да настанат некои проблеми. Од вас зависи која поза ќе ја одберете, дали вие ќе го контролирате темпото или тој, но важно е да не испробувате пози кои мислите дека се кул затоа што сте ги виделе на интернет. Барем не првиот пат.
7. Заборавете на очекувањата
Првото сексуално искуство во најголем број случаи е комично, нешто на што вие и вашиот партнер подоцна слатко ќе се смеете. Никој не очекува да бидете порно ѕвезда во кревет, а ова важи и за женските и за машките. Заради стравот, но и заради очекувањата, често се случува девојките да не можат да се опуштат, а кај момците може да дојде до изоставување на ерекцијата. И гинеколозите и уролозите велат дека се работи за психолошки проблем, а првиот чекор е очекувањата да си ги оставите пред врата.
8. Посетете гинеколог пред првиот пат, но и потоа
Иако можеби мислите дека вашата најдобра другарка ќе ви го даде најдобриот совет, вистината е дека во вакви ситуации сепак најдобро е да се обратите кај стручњак. Нема потреба да се срамите, бидејќи докторите веќе имале многу искуство со оваа тема. Посетете гинеколог пред да се одлучите на овој чекор и распрашајте се за заштитата, но и за тоа што и како треба да правите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.