Кафеав наспроти бел ориз: Кој ориз е подобар? - Part 3

Кафеав наспроти бел ориз: Кој е подобар?

5-kafeav-nasproti-bel-oriz-koj-e-podobar-www.kafepauza.mk_

Фолна киселина

Кафеав ориз

Во трката за да стане поздрава опција, ова е уште еден аспект во кој кафеавиот ориз малку заостанува. Додека оваа сорта е богата со витамин Б, содржи релативно помал износ на фолатин. Овој витамин е од апсолутна важност за бремените жени и доилките.

Бел ориз

Белиот ориз е одличен извор на фолатин. 200 грама бел ориз содржи околу 95 микрограми фолна киселина. Оваа „нездрава“ сорта на ориз, на крај, сепак не е толку нездрава.

Алергии

Кафеав ориз

Со тешката и груба текстура, како и полошиот вкус, кафеавиот ориз има поголеми шанси да предизвика алергии. Познато е дека може да ја „расцепи“ слузницата на желудникот и на тој начин да овозможи да навлезат честички, бактерии, токсини и други супстанци во крвотокот. Па, затоа е препорачливо да се погледнат алергиските реакции пред да се премине на целосен оброк од кафеав ориз.

Бел ориз

Белиот ориз е рафиниран и тоа му дава мазна структура и пријатен вкус. Тој е лесно сварлив, ги содржи повеќето од основните хранливи материи и е лесно достапен. Слободно изберете порција бел ориз доколку сте алергични на кафеавиот.

Кафеав наспроти бел ориз – Пресуда

Како што видовме погоре, разликата помеѓу белиот и кафеавиот ориз не е голема. Но, дефинитивно е јасно дека кафеавиот ориз не е најчистата варијанта, и дека тој има свои недостатоци. Она што е најважно е вкусот и вашиот буџет. Искрено, една порција бел ориз нема да ве здебели, како што ниту една порција кафеав ориз нема да ве направи да изгледате подобро. Запомнете, исхраната не е стандардна големина што им одговара на сите и степенот на апсорпција и ефектите се разликуваат од личност до личност. Сите ние знаеме дека постојат личности кои јадат сешто, а сепак остануваат слаби и убави, но постојат и оние кои се подложни на брзо зголемување на телесната тежина и покрај тоа што се на строга диета. Сето тоа зависи од вашиот метаболизам.

Нашиот предлог за вас ќе бидат овие точки на кои треба да се сетите следниот пат кога ќе заминете да купувате намирници:

  • Јадењето ориз е во ред, без разлика која варијанта ќе ја изберете. Само внимавајте на квантитетот. Имајте здрав извор на јаглехидрати во вашата исхрана што може да го замени оризот.
  • Кафеав или бел ориз? Сето тоа зависи од вас! Хранливите материи и ефектите се скоро исти. Оставете го вкусот да пресуди. Секако, контролирајте го количеството и зачестеноста на кафеавиот ориз, доколку се одлучите за таа верзија.
  • За оние кои внимаваат на својата тежина, имајте на ум дека изборот на ориз нема да влијае на зголемување. Големината на порцијата е најважна.
  • Бидете паметни и играјте си со сортите. Природата ви нуди голем избор, па многу е подобро да си играте со него. Првиот ден изберете басмати ориз, а следниот ден изберете кафеав ориз. Направете го истото и со оризот со долго и кратко зрно. Направте ги вашите оброци пријатни.
  • Секогаш сетете се дека сите разлики во калориите, хранливите материи и ГИ не се важни, бидејќи ниту една личност нема да консумира само порција ориз, без други додатоци. Целиот оброк е важен, бидејќи само порцијата ориз нема да ве направи подебели, ниту послаби.
  • Исто и за оние личности со дијабетес, не постои начин да изедете ориз на празен стомак, освен за време на првиот оброк во денот. Тоа значи дека ќе изедете ориз кога вашиот систем веќе ќе има хранливи материи во него. Ова ни кажува и дека неговото влијание врз шеќерот во крвта нема да значи ништо. Па, бидете храбри и изедете ја вашата порција. Само избегнувајте да го консумирате оризот како појадок.

6-kafeav-nasproti-bel-oriz-koj-e-podobar-www.kafepauza.mk_

По внимателното анализирање на добрите и лошите страни на двата видови ориз, безбедно е да заклучиме дека белиот и кафеавиот ориз имаат свои предности, и не е важно кој вид ќе го изберете сѐ додека внимавате на количината. Да бидеме јасни, кафеавиот ориз не е цар и белиот ориз не ја заслужува целата омраза што ја добива. И двата вида се скоро исти. Всушност, неколку поени одат во корист на белиот ориз, како што се содржината на фитичната киселина, варењето и содржината на арсен. На крај, можеме да кажеме дека ниту една сорта не владее над друга, и дека резултатот е нерешен. Изберете го оној кој најмногу ви се допаѓа и кажете ни кој вид ориз ви е најомилен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар