Кафе, рум и ванила: Тирамису тортички кои нема да ве остават рамнодушни

Кафе, рум и ванила: Тирамису тортички кои нема да ве остават рамнодушни

Што повеќе би посакале од едни капкејкс?

Кафе, рум и ванила: Тирамису тортички кои нема да ве остават рамнодушни

Потребни состојки:
За тестото:
  • 170 грама брашно
  • 100 грама путер
  • 160 грама шеќер
  • 2 јајца
  • Прстофат сол
  • 1,5 лажица прашок за печиво
  • 200 милилитри млеко
  • 2 грама ванила
За филот:
  • 250 грама маскарпоне
  • 150 грама шлаг пена
  • 5 лажици шеќер во прав
  • 2 грама ванила
  • 2 лажици какао во прашок
За сирупот:
  • Свежо подготвено кафе
  • 2 лажици рум
Начин на подготовка:

Изматете ги заедно путерот, шеќерот, солта и ванилата. Додајте ги јајцата, едно по едно, и потоа сипете ги и млекото и брашното заедно со прашокот за печиво во следниов ред: Половина млеко, половина брашно, останатиот дел од млекото и останатиот дел од брашното. Измешајте добро.

Пополнете ги калапите со смесата. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете ги тортичките на околу 25 минути.

Додека тие се печат, подгответе го кафето и дозволете му малку да се олади, а потоа додајте му рум. Кога тортичките ќе бидат готови, направете 10 до 12 дупчиња со чепкалка за заби во секое од нив. Сипете ја смесата со кафето и румот во секое од нив, полека, користејќи лажица.

За филот, изматете го маскарпонето, а во друг сад комбинирајте ја шлаг пената со шеќерот во прав и ванилата. Измешајте добро. Потоа внимателно спојте ги двете смеси и откако ќе ги измешате, нанесете ги на тортичките. Декорирајте со какаото во прав.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар