Колку шолји кафе треба да пиеме дневно?
Кафето најчесто се консумира со идејата дека кофеинот ќе го зголеми когнитивното функционирање и ќе го подобри расположението на консументот. Всушност, многумина навистина и не можат да функционираат без утринското кафе. Тоа е така, бидејќи кофеинот го стимулира централниот нервен систем, го ублажува уморот и ја зголемува будноста. Меѓутоа како и се друго, кафето мора да се консумира во умерени количини за да го има посакуваниот ефект и за да се избегнат можните непосакувани последици од претерувањето.
Според експертските анализи, еден просечен возрасен човек треба да пие 200-300 милилитри кафе дневно, што би значело 2 шолји кафе. Секако, во оваа бројка е вклучено само чистото кафе, без додатоци како млеко, засладувачи, преливи и слично. Редовното внесување на поголема количина кафе од просечната може да ви предизвика несоница, немир, нервоза, главоболки, неправилни и забрзани отчукувања на срцето, па дури и дијареа.
Но, и откажувањето од кофеинот може да има лоши последици. На организмот ќе му треба време на се навикне на новата состојба, па затоа во првите недели би требало да чувствувате немоќ, константно да имате главоболки, да чувствувате болки во мускулите и слично. Доколку сте решени да го сторите ова, би ви било многу подобро доколку во тој период внесувате кофеин преку црн и зелен чај, чоколадо, енергетски пијалаци и други слични алтернативни производи кои содржат помало количество на кофеин.
mi se dopaga mnogu pozdrav