Каде жените грешат во комуникацијата со мажите?
Автор: Сара Турановиќ
Комуникацијата е клучот за среќна врска, но сепак е и најголем проблем помеѓу партнерите. И двајцата партнери треба да работат на добрата комуникација, но овој пат вниманието ќе го свртиме кон жените и нивните грешки во комуникацијата со мажите. Експертите набројаа 4 вакви грешки.
1. Тактика на манипулација
Некои жени ја користат манипулацијата за да добијат нешто од мажот, вклучувајќи го и разговорот. Ова може да ви успее, но со тек на време мажите ја откриваат оваа тактика и се повлекуваат. Од сите пристапи овој е најлош бидејќи мажите после ова се чувствуваат изиграно и искористено. Манипулацијата е лоша бидејќи може да придонесе двајцата партнери да се разделат.
Размислете зошто се користите со манипулација. Дали тоа е единствен начин на кој знаете да комуницирате? Ова е повеќе ваш проблем отколку на партнерот. Време е да научите како пристојно да комуницирате и да уживате во самите себе и партнерот.
2. Агресивен пристап
Кога зборувате со мажот со борбен и нападен тон на гласот, тој има чувство дека го навредувате и не го почитувате. Со овој начин на комуникација нема да го добиете тоа што го сакате. Поточно, со агресивниот разговор ја загрозувате својата врска, но и тој ќе почне да реагира агресивно и одбранбено. Во секој случај реакцијата нема да биде добра. Доколку сакате да му кажете нешто, тогаш направете го тоа на мирен и стабилен начин.
3. Лош тајминг
За разлика од жените, мажите не можат да прават повеќе работи истовремено. Исто така не можат да размислуваат за повеќе работи истовремено. Ако му го кажете сето она што ве загрижува додека тој е сконцентриран на нешто друго, бидете сигурни дека нема да го добиете неговото внимание. Колку и да ви е глупава неговата активност со која тој се занимава во моментот, мора да ги почитувате работите кои тој ги сака. Па тогаш не е вистинско време да зборувате со него ако сакате да ги решите проблемите. Најдобро е да му кажете дека сакате да зборувате откако тој ќе заврши со она што моментално го прави.
4. Драматични испади
Дали солзите и вербалните изливи на болка се често присутни додека разговарате со него? Ако е тоа така, имајте на ум дека тој нема да се сочувствува со вас. Поточно, тоа ќе му здодее бидејќи момците на сакаат постојано кукање и негативност. Нивниот мозок работи на подруг начин од женскиот и тие не сфаќаат зошто плачете кога е време да бидете разумни. Време е да го промените таквиот пристап. Наместо премногу детски емотивни испади, контролирајте ги своите емоции и она што сакате да го кажете, кажете го на смирен и вербален начин.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.