Каде треба да го поставите креветот за добро да се наспиете?
Квалитетниот сон е многу важен за здравјето на телото, како и за вашата психичка состојба. Но за некои луѓе, редовното и квалитетно спиење е невозможна мисија. Некои заспиваат тешко, други се будат навечер, а некои пак воопшто не можат да заспијат.
Доколку немате никакви здравствени проблеми и не сте изложени на многу стрес, а сепак спиете лошо, можеби треба да го погледнете распоредот во вашата спална соба. Имено, положбата на креветот може да има големо влијание врз квалитетот на сонот. Експертите за фенг шуи советуваат да ја уредите спалната соба практично, но и да внимавате на енергетските текови кои ќе донесат рамнотежа во просторот. Погледнете на кои нешта треба да обрнете внимание.
1. Оставете место покрај креветот
Во некои простории ова се изведува лесно, но доколу спалната е мала, може да биде малку потешко. Како и да е, обидете се од двете страни на креветот да оставите малку слободен простор. Односно, немојте да го лепите креветот до ѕидот и ќе забележите дека нема да се чувствувате заробено додека спиете.
2. Погрижете се за симетријата
Обидете се да ја уредите спалната соба така што во неа ќе владее рамнотежа. Дури и ако живеете сами и ви е потребна само една ноќна масичка, поставете две, од двете страни на креветот. Кога просторијата е симетрично уредена, ќе има рамнотежа и во собата и кај вас.
3. Поглед кон вратата
Според експертите за фенг шуи, најдобро е да го поставите креветот така што кога лежите на него, имате добар поглед кон влезната врата од спалната соба. Притоа креветот не треба да стои директно во линија со вратата, туку малку понастрана. Ова ќе ви даде чувство на сигурност додека спиете.
Погледнете и зошто треба да внимавате на поставеноста на огледалата во вашата спална соба?