„ЈОЛА“ е родена во карантин и им овозможува на милиони луѓе да останат оптимисти

„ЈОЛА“ е родена во карантин и им овозможува на милиони луѓе да останат оптимисти

Уште кога британските власти почнаа да ги олеснуваат мерките заради пандемијата на коронавирусот, секој втор Британец призна дека кај него се буди чувството „ЈОЛА“.

„ЈОЛА“ е родена во карантин и им овозможува на милиони луѓе да останат оптимисти

Во грчката митологија, тоа го означува името на прекрасната ќерка на Еврит, а во денешно време се залага за радост со погледот напред кон животот и планирање работи што ни беа забранети до неодамна. Ова чувство се пробудило во 52% од анкетираните Британци. Студијата е спроведена на примерок од 2.000 луѓе, а дури една третина од анкетираните откриле дека по напуштањето на карантин сакаат да испробаат некаква активност која предизвикува возбуда како одење во забавен парк. Ова беше потврдено и со зголемената статистика за посети на веб-страницата на забавните паркови по објавувањето на планот за скратување на мерките во Велика Британија.

Организаторите на студијата велат дека „ЈОЛА“ е родена во карантин и им овозможува на милиони луѓе да останат оптимисти и да се фокусираат на позитивни работи. Одморалиштето „Chessington World of Adventures“ го измисли овој нов израз за да ги објасни чувствата на многумина кои едвај чекаат да пробаат нешто ново и возбудливо.

Можеби ќе ве интересира и зошто утринскиот тренинг е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар