Јога вежби за претворање на летаргијата во свежа енергија
Ако постојано сте преморени, не сте единствени! Во последно време изгледа дека тоа да е главната причина за посета на доктор. Па, ако и вие страдате од хроничен умор, тогаш можеби сте на вистинското место! Загриженоста, нервозата и стресот често предизвикуваат брзо и површно дишење, притоа скратувајќи му го кислородот на телото. На тој начин и ви создаваат умор. Ако сакате да се изборите против тоа, еве што треба да направите…
Седнете удобно, затворете ги очите и дишете полека и длабоко. Внимавајте горниот дел од вашиот стомак рамномерно да се движи. Замислете дека тоа што го вдишувате е нова сила за вашето тело. Додека вдишувате, ќе почнете да чувствувате дека целото тело ви станува поопуштено. Кога ќе се почувствувате дека сте доволно опуштени, преминете на следниве 3 јога вежби за дишење.
1. Притиснете со прстот на десната носница и издишете низ левата силно, а потоа пак земете воздух. Задржете го воздухот на една секунда и повторете со другата носница. Почнете полека, а потоа забрзувајте го дишењето, така што остро ќе вдишувате и издишувате наизменично низ левата и десната носница. Со малку вежбање брзо ќе можете да стигнете и до 3-минутни повторувања.
2. Свиткајте ги колената и лактите и вдишете длабоко. Издишете. Кога повторно ќе вдишете, со раката благо свиткана над главата, спуштајте се полека така што ќе го свиткате струкот на левата страна. Потоа почнете да се исправувате повторно, издишувајќи. Истото направете го и со левата страна. Повторувајте ја вежбата 10-15 пати.
3. Издишувајќи, наведнете ја главата кон стапалата. Кога ќе издишете целосно, повторно исправете се, притоа вдишувајќи длабоко. Повторувајте 10-15 пати.
Најстарaтa јога инструкторкa на светот ја споделува својата тајна за долг и здрав живот.