Јастог плетенка – нова лесна фризура за елегантен, но опуштен изглед

Јастог плетенка – нова лесна фризура за елегантен, но опуштен изглед

Драги дами, новото стилско освежување за вашата коса е плетенката јастог, која така се нарекува заради тоа што обликот на фризурата навистина така наликува. Се носи на едната страна, одлична е за свадбени, како и за други специјални прилики, делува и елегантно и опуштено, а најдобро ќе ја изведат девојките со погусти и малку виткани коси. Еве како да ја направите.

8-jastog-pletenka-nova-lesna-frizura-za-eleganten-no-opushten-izgled-kafepauza.mk

1. Најдобро е косата да ви е миена ден претходно за да се постигне подобра текстура и „порастурен“ изглед. Добро е да ставите спреј за текстура на врвовите за да оневозможите природните масла во влакното да ви ја сплескаат косата.

2. Префрлете ја целата коса на едната страна, оставајќи неколку прамени слободно да паѓаат на спротивната. Нив можете да ги навиткате со дебела четка така што локните ќе бидат дебели околу 3-4 см. Ова ќе придонесе за обликување на лицето.

3. Поделете ја косата на пола, правејќи преден и заден дел. Од задниот дел издвојте три помали делови и секој поединечно замотајте го околу себе. На крајот поврзете ги благо во еден замотан прамен. Прицврстете го овој дел со шнола за да можете да работите на другиот дел.

1-jastog-pletenka-nova-lesna-frizura-za-eleganten-no-opushten-izgled-kafepauza.mk 2-jastog-pletenka-nova-lesna-frizura-za-eleganten-no-opushten-izgled-kafepauza.mk

4. Земете го предниот дел од косата, поделете го на два еднакви дела и замотајте ги посебно, а потоа искомбинирајте ги во еден извртен прамен.

5. Спојте ги предниот и задниот дел, извртувајќи ги во еден прамен. Прицврстете со 5-6 шнолички покрај увото. Ова ќе го држи цврсто почетокот на плетенката.

3-jastog-pletenka-nova-lesna-frizura-za-eleganten-no-opushten-izgled-kafepauza.mk 4-jastog-pletenka-nova-lesna-frizura-za-eleganten-no-opushten-izgled-kafepauza.mk5-jastog-pletenka-nova-lesna-frizura-za-eleganten-no-opushten-izgled-kafepauza.mk

6. Повторно нанесете спреј за текстура од шноличките надолу, потоа извртете ги околу себе двата дела од остатокот од косата и на крајот двата дела искомбинирајте ги во еден, повторно вртејќи, но овој пат до долу. Не вртете премногу цврсто, нека биде малку лабаво за да добиете повеќе бујност и текстура.

7. Пикнете шноли нагоре низ целата плетенка, како да ѝ додавате скелет, а потоа прицврстете го крајот со ластиче.

6-jastog-pletenka-nova-lesna-frizura-za-eleganten-no-opushten-izgled-kafepauza.mk7-jastog-pletenka-nova-lesna-frizura-za-eleganten-no-opushten-izgled-kafepauza.mk

8. Завршете со лак за коса.

8-jastog-pletenka-nova-lesna-frizura-za-eleganten-no-opushten-izgled-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар