Јасни знаци дека причината за вашата болест е стресот

Јасни знаци дека причината за вашата болест е стресот

Сам по себе, стресот и не е толку лош. Всушност, дури е и препорачлив во умерена доза бидејќи на некој начин ве мотивира. Но кога не се справувате со него на здрав начин, стресот може да има навистина лошо влијание врз вашето психичко, но и физичко здравје. Погледнете ги знаците кои покажуваат дека вашата болест е предизвикана од стрес.

Јасни знаци дека причината за вашата болест е стресот

1. Акни

Доколку ви се појавиле акни, а обично имате чисто лице и не сте во тинејџерските години, најверојатно причината е стрес. Во овој случај виновно е зголеменото лачење на хормонот кортизол. Тогаш жлездите лачат повеќе масти, а остатокот останува заробен во фоликулите заедно со нечистотијата и мртвите клетки, па се создаваат акни.

2. Чести настинки

Стресот го ослабува имунитетот, па поради тоа можете да станете посклони на настинки. Истражувачите од Универзитетот во Питсбург заразиле неколку испитаници со вирус на обична настинка. Една група испитаници била под стрес, а другата не покажувала вакви симптоми. Се покажало дека во втората група имало двојно помалку луѓе со настинка.

3. Дебелеење

Стресот го зголемува лачењето на кортизол, хормон на стрес кој ја нарушува способноста на телото да ги обработува шеќерите во крвта. Поради ова се менува и начинот на кој телото ги преработува мастите, протеините и јаглехидратите, што може да води до вишок килограми. Исто така стресот е често виновен за нездравите навики на исхрана и прејадувањето.

4. Главоболка

Доколку никогаш претходно не сте страдале од силни главоболки а сега се појавуваат често, причината може да биде стресот. Стресот ослободува одредени хемикалии во мозокот кои можат да предизвикаат промени кај нервите и крвните садови.

5. Паѓање на косата

Силниот и долготраен стрес резултира со таканаречена фаза на одморање на фоликулите на влакната. Ова предизвикува почесто паѓање на косата. Исто така вашиот имунитет може да почне да ги напаѓа фоликулите, што повторно предизвикува паѓање на косата. Косата може да ослаби и од недостаток на железо во организмот.

6. Подуеност и гадење

Стресот може да ја наруши функцијата на дигестивниот тракт на повеќе начини. Тој го зголемува лачењето на желудочна киселина што може да предизвика гадење. Исто така го забавува варењето на храната, што резултира со подуеност. Кога проблемите со варењето ќе продолжат и во дебелото црево, можно е да се појават и дијареја и грчеви.

7. Осипи

Доколку на кожата ви се појави осип без некоја причина, најверојатно одговорен е стресот во вашиот живот, а не некоја алергија. Кога телото е изложено на многу стрес, имунолошкиот состав слабее и на организмот му е потешко да се справи со болестите. Поради ова кожата станува пречувствителна на надворешни фактори како сапун, студ, топлина, креми и слично.

8. Збунетост

И психичките проблеми можат да бидат предизвикани од стресот. Преголемото количество кортизол во организмот ги отежнува фокусирањето и концентрацијата. Ова води до проблеми со помнењето, депресија и тешкотии.

Дознајте и кои се знаците кои покажуваат дека сте изложени на хроничен стрес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар