Јапонско јаболко: Слатко топче како мед кое „пука“ од здравје

Јапонско јаболко: Слатко топче како мед кое „пука“ од здравје

Ова егзотично овошје во недозреан облик може да има трпки, но кога е сосема зрело тоа има сладок вкус како мед кој е скриен во неговото портокалово месо. Слаткото и вкусно овошје, јапонското јаболко, кое оригинално потекува од Јапонија, е богато со хранливи материи како и со витамини, минерали и антиоксиданси. Во текот на секоја сезона од созревањето, овошките може да го менуваат обликот. Исто така, варираат со големина од 50 до 500 грама. Бојата на овошјето може да биде од светло жолта до темно портокалово. Целата овошка се јаде освен семките и стебленцето.

1-japonska-jabolka-slatko-topche-kako-med-koe-puka-od-zdravje-www.kafepauza.mk_

Благотворните својства на јапонското јаболко

1. Содржи малку калории (70 калории на 100 грама) и е богат извор на хранливи влакна.

2. Обилува со антиоксиданси како што се катекините и галокаткините, а поради хемискиот состав на бетулинската киселина која се содржи во него, го спречува и создавањето на тумори. Катекините се познати по тоа што имаат антивоспалително дејство.

3. Свежото јапонско јаболко содржи витамин А, бета каротин, ликопен, лутеин, зексантин и крипоксатин. Сите овие состојки играат важна улога против слободните радикали на кислород кои предизвикуваат стареење и различни болести. Зексатин е важен диетен каротенид, кој посебно се апсорбира во очите каде што служи како антиоксиданс за филтрирање на светлината.

4. Добар извор на витамин Ц. Зарем треба да се каже нешто повеќе?

5. Содржи многу важен Б-комплекс (Б6). Овие витамини помагаат во разни метаболични функции во телото.

6. Свежото овошје исто така содржи калиум, магнезиум, бакар и фосфор.

Избор и чување

Во маркетот изберете го овошјето со жолто портокалова боја без удари или исечоци на него. Можете да најдете дури и суви јапонски јаболка. Оние што се дозреани може да бидат складирани во фрижидер на неколку месеци. Освен тоа што свежите јапонски јаболка можете да ги јадете како и обичните јаболка, во својот сув облик тие одлично ги збогатува кексите, колачите, пудинзите, слатките и снегулките.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар