Јапонските жени ја откриваат тајната за здрав и младолик изглед на кожата
Миењето на лицето со минерална вода е многу корисно за здрав изглед на кожата. Оваа метода најмногу ја користат жените од Јапонија кои се познати по добро негуваната кожа и младешкиот изглед. Откако ќе го исчистите лицето, измијте го со минерална вода, наместо со обична. Зошто? Бидејќи тоа ќе доведе до затегнување на вашата кожа.
Балончињата имаат сличен ефект на благ пилинг, па со помош на минералната вода вие ќе ги исчистите вашите пори и ќе ги наполните клетките со кислород. Крајниот резултат е свежа, мазна и цврста кожа. Но, немојте да претерувате со премногу често користење на минералната вода за миење на вашето лице бидејќи може да доведе до иритација на кожата. Најдобро е да ја применувате оваа техника еднаш или два пати неделно. Минералната вода може да го замени вашиот тоник, едноставно потопете памук во неа и искористете ја за чистење на лицето.